Денеска со почеток во 17 часот пред канцеларијата на Европската Унија во центарот на Скопје закажан е граѓански собир на повеќе групи на граѓани и здруженија.
Попладнево забележана е концентрација и раздвиженост на големи полициски сили во центарот на Скопје и на локацијата каде ќе се реализира собирот, јавува порталот Инфомакс.
Закажано е собирот да започне пред канцеларијата на ЕУ по што учесниците на собирот ќе се движат кон Собранието каде ќе има обраќања на организаторите кон присутните и јавноста.


