Пропагандната машинерија на СДСМ која има за задача да обезбеди позитивно мислење кај Македонските граѓани во очи на претстојните парламентарни избори за работата на власта веќе не бира начини и сретства на кој начин тоа да го направи.
Во нивната скапо платена кампања на социјалните медиуми објавуваат фотографии од проекти реализирани во странски земји при што додаваат свој текст за да го постигнат посакуваниот ефект за да дојдат до гласот на граѓаните на изборите.
Во недостиг на сопствени реализирани проекти со кои би се промовирале пред граѓаните ваквата појава говори за паниката во која се наоѓа СДСМ и владеачката гарнитура од се поизвесниот судир со волјата на граѓаните.
За оваа појава реагираше и Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНе кој го разобличи ваквото манипулативно однесување на пропагандата на СДСМ.
Е што бе “другари”???
Позајмувате слики од други проекти.
Е ќе позајмувате, кога ништо не сработивте за да сликате.
#МанипулаториРепликатори
#НеВеБива
-напиша Мицевски на фејсбук.


