И покрај обидите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во собранието, помошта за пензионерите да се зголеми, пратениците од владеачкото мнозинство ја намалија и оној мал износ на помош за најзагрозената група на пензионери кој што го предложи владата.
Во рамки на амандманската расправа во однос на пакетот мерки за помош на граѓаните, пензионерите добија минимално незначителн изност на помош и тоа не сите пензионери туку оние најзагрозените, иако како целна популација со поскапувањата сите пензионери сериозно се загрозени од ефектите на општата криза во државата,
“ИЗМАМЕНИ И ПЕНЗИОНЕРИТЕ
Пакетот мерки за пензионерите, кои власта ги предложи преку закон, стигна во Собранието на 17.10.2022, а не на 29.09.2022, како што вети лажливецот од премиер. Во овој пакет беа предвидени следните мерки за пензионерите:
за пензии до 11.525 денари да следуваат по 1.500 денари месечно, во последователни 4 месеци;
за пензии меѓу 11.526 и 14.000 денари да следуваат по 750 денари месечно, во последователни 4 месеци.
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “Обнова за Македонија” вчера, со амандман, ги предложи следните мерки за пензионерите:
по 3.000 денари месечно за приматели на пензија до 18.000 денари;
по 2.000 денари месечно за приматели на пензија до 30.000 денари;
по 1.000 денари месечно за приматели на пензија повисока од 30.000 денари.
Овој амандман не беше усвоен од страна на владеачкото немо мнозинство.
Напротив, вчера истото ова мнозинство предложи аманман за измена на сопствените предложени мерки за пензионерите со кој, при усогласувањето на пензиите со трошоците на живот, голем број на пензионери или не ќе можат да земат помош од 750 денари месечно или онаа од 1.500 ќе им се намали на 750 денари.
Овој амандман си го усвоија, без ниту еден контрааргумент на нашите критики.
Овие веќе не лижат таму кај што плукаат, туку обратно.
#ИзмамничкаНеспособнаКриминалнаВлада
#НемиПотчинетиПратенициОдВласта“
-информираше пратеничката Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ во јавност.