Влатко Лозаноски и неговиот бенд ќе ја отворат Манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“, во Крушево.
Со свој настап на месноста „Гумење“ на 1-ви август 2018 година, Лозано ќе се претстави пред својата публика на најголемиот Македонски празник и симболот на патриотизмот – ИЛИНДЕН.
Крушево веќе се подготвува за тој ден , со богата музичко и културна програма.