Спрега на влијателни партиски функционери кои се дел од моќни лоби групи што се уште егзистираат во ВМРО-ДПМНЕ, заедно со финансиски моќни индивидуалци, работат за сопствен политички опстанок и финансиски профит истовремено како дел од структурите на партијата а на штета на стратешките интереси на ВМРО-ДПМНЕ но и на Македонскиот народ.
Станува збор за внатрепартиски “византиски игри” со кои низ структурите на партијата долг период наназад со години се врши инфилтрација по различни основи и методологија на безбедносни структури и агенди од Србија и Бугарија, но и индиректно од Руската Федерација, се со цел за минирање на Македонскиот национален, идентитетски и секаков друг вид на суверенитет, како и на стратешките определби на Македонскиот народ за интеграција со земјите од Модерна Европа и партнерството со Соединетите Американски Држави.
Заеднички именител на ваквите негаторски политики се вековните напори на Грција за сузбивање на Македонското постоење и суверенитет што е главен интерес за остварување на стратешка политичко-регионална превласт на Руската федерација на Балканот преку поддршка на грчката сецесионистичка политика врз Македонскиот народ со децении наназад.
Голем број на политичко-општествени ангажирани поединци како во минатото така и ден денсе во двете најголеми политички партии во Република Македонија со директна сопствена агенда или во многу случаи и без сопствено знаење и свесност служат како инструмент на ваквите штетни влијанија на Македонскиот национален суверенитет како и стратешкото партнерство на Македонскиот народ со САД и ЕУ.
Деновиве како дел од политичките перипетии околу имплементацијата на Преспанскиот Договор во Македонското собрание ваквите индикативни појави можат да се воочат пред се во редовите на ВМРО-ДПМНЕ и нивните пратеници, но постоењето на вакви соработници е неизбежно и во редовите власта како и на пратеничката група на СДСМ.
Независно дали тоа актуелните пратеници го прават со умисла т.е. свесно или по пат на т.н. спиечко влијание кое се буди во клучни моменти како резултат на моментални лични агенди на пратениците, под плаштот на т.н. НАТО и ЕУ перспектива на Македонија, станува збор за една сеопфатна агенда која има за цел разнебитување на Македонската национална држава.
Од сето тоа резултат е предизвиканата непоправлива штета врз Македонскиот национален и државен суверенитет во интерес на Грчката негаторска политика врз Македонскиот народ и државност, која вешто е координирана моментално (но и во минатото) и со Руски и со Американски фактори за спроведување на нивните сопствени интереси на Балканот.
Врз основа на поголем број на информации со кои располагаме и кои ни’ пристигнаа во изминатите неколку денови од добро информирани внатрепартиски извори во ВМРО-ДПМНЕ станува збор за најмалку уште три пратеници настрана од седумте пратеници кои беа исклучени од Извршниот комитет на партијата, кои што се уште формално се дел од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Овие пратеници (свесно или несвесно) работат на минирање на стратешкото партнерство на ВМРО-ДПМНЕ со САД и земјите од западна Европа преку спроведување на активности “под радарот” на актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Претседателот Христијан Мицкоски во директна или индиректна соработка со руски разузнавачки и дипломатски фактори.
Во контекст на овие наводи а врз основа на добиени информации од внатрепартиски извори, прашуваме дали Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев е директно поврзан во блиска релација со протераниот службеник од руската амбасада за случајот Скрипал, минатото лето.
Дали овој службеник кој што живеел под ќирија во скопската населба Бардовци остварувал контакти и со какви цели биле тие контакти со именуваниот пратеник.
Дали сопственикот на оваа куќа во која што живеел протераниот службеник која што е во сопственост на поранешен сопственик на складишен и преработувачки капацитет за жито од Источна Македонија, е во блиска пријателска врска со именуваниот пратеник преку кој што се остварувале контактите.
Дополнително нашите извори говорат дека Драган Данев и уште една пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ се забележувани на состаноци лично со Рускиот амбасадор во населбата Аеродром во Скопје во придружба на протераниот службеник.
Погрешните политички проценки, политики и постапки во минатото на ВМРО-ДПМНЕ на штета на стратешките интереси на партијата и државата во целост, превенствено беа резултат на ваквите инфилтрирани клучни фактори и поединци преку чие делување се загрози стратешкото партнерство на партијата со САД и ЕУ, а на штета на националниот и државен идентитет на Република Македонија на што резултат е актуелниот процес за имплементација на Преспанскиот договор со нашиот јужен сосед, во кој конечно се исполнуваат децениските напори на грчата негаторска политика на Македонското постоење.
Дополнително од страна на одредени влијателни медиуми од Македонија но и од соседството забележливо е долготрајно пропагандно инсистирање дека ВМРО-ДПМНЕ е про-руски ориентирана партија со што драстично се влијае на јавното мислење за дискредитација на партијата пред Македонскиот електорат.
И ден денес во полн капацитет се прават силни обиди за дискредитирање на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со негова неоправдана поврзаност со Про-руски влијанија во регионот, преку поедини провокации за реакција на членството и актуелниот Извршен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ за понатамошно ослабување на партијата се со цел да биде спроведено грчкото сценарио за Македонија.
Очигледно е дека актуелниот Претседател Мицкоски со актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ како единствен одбрамбен механизам на Македонските национални и државни интереси кои отворено се спротивставуваат на Промената на Уставот и Уставното име на Република Македонија заедно со Македонскиот народ се подложени на огромни предизвици дефинирани првенствено како резултат на грешките на изминатите раководни структури на партијата во минатото.
Но, едно е сигурно, а тоа е дека ВИСТИНАТА СЕКОГАШ ПОБЕДУВА.
А Македонија и Македонскиот народ се чиста и непобитна вистина.