Кристијан Сампсон од Перу, Индијана професионално ги доловил сите ужасни ментални нарушувања на човекот во низа маестрални фотографии.
„Колекцијата на почетокот вклучуваше физички болести како што е ракот, но сакав да создадам нешто со коешто луѓето се борат секој ден, а не можат да го видат. Сакав поголемиот дел од луѓето да се поврзат со фотографиите. Станува збор за многу чувствителна тема, па затоа многу истражував за да можам да ја претставам најточно што можам“
– вели Сампсон.
Фотографот креирал Фејсбук албум со неговата колекција под наслов „Визуелно претставување на менталните нарушувања“ (A Visual Depiction of Mental Disorders). Тој смета дека овие теми се најсериозни, им се посветил максимално и при истражувања комплетно ги проучил.
„Менталното здравје е многу важна тема за мене, бидејќи познавам луѓе кои мора да живеат со менталните нарушувања. Само затоа што не се гледа, не значи дека не може да направи штета. Фотографиите се многу мрачни зашто сакам да им покажам на сите дека постојат луѓе кои страдаат од тоа“
– изјавил фотографот.
Моќни фотографии кои ќе ви ја подигнат свеста за постоењето на менталните нарушувања и нивните последици за: Шизофренија, анорексија, биполарно нарушување, зависност, несоница,депресија, анксиозност, опсесивно-компулсивно нарушување, параноја, панични напади, турет синдром, аутизам , пелтечење, деменција.
[Best_Wordpress_Gallery id=”53″ gal_title=”Ментални нарушувања низ фото”]