Откако Општина Виница се пофали со инвестиција од 120 илјади денари за набавка на панталони дуксери и маици за припадниците на ТППЕ Виница, во јавноста со своја реакција излегоа од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Виница во врска со трошењето на парите за репрезентација од страна на локалните власти.
Нивната реакција упатена преку социјалните мрежи ја пренесуваме во целост:
“Општината инвестираше 120.000 денари за панталони, маици и дуксери на пожарникарите и за промоција на оваа “капитална инвестиција” беа повикани дури и регионални телевизии.
Ги информираме граѓаните на општина Виница дека само во 5 дена во време на здравствена и економска криза се исплатени повеќе пари за репрезентации отколку за маиците и панталоните за пожарникарите или околу 155.000 денари!
И тоа 45.000 денари се потрошени пред да се затворат кафаните при крајот на март и уште 110.000 денари на почетокот на јуни кога се отворија кафаните, во четири добро познати винички кафани и во една уште попозната скопска сендвичара т.е. кафана Маџо. За која иформиравме уште при крајот на 2018-та година дека се трошат пари на граѓаните на општина Виница 👇
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2484376734910883&id=516148198400423
Прашањето до градоначалникот Ивица Димитров и општина Виница е следно.
Дали ќе го повикате ТВ Стар да ги образложите и расходите за репрезентации исплатени во корона кризата?
П.С. Мајците стари се или не ја признавате северна 🤔
#НикогашСевернаСамоМакедонија 👌”
-напишаа на нивната фејсбук страна од Оптинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Виница.


