На социјалните мрежи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски обзнани дека партијата постигнала договор за соработка со партиите Алијанса на Албанците на Зијадин Села и Алтернатива на Африм Гаши.
Основа за постигнатиот договор за соработка во пресрет на претстојните локални избори борбата против корупцијата и силниот развој на општините.
Притоа Мицкоски изрази убедување дека вака обединети ќе извојуваат победа над актуелните владеачки партии СДСМ+ДУИ+Беса.
“Договор за соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Алтернатива против корупцијата и за силен развој на општините. Одиме на победа!”
-напиша Мицкоски на фејсбук споделувајки неколку фотографии од состанокот.


