Поради зголемен број на заболени лица од мали сипаници-морбили во општина Струга прогласена е епидемија на морбили. Во Центарот за јавно здравје во Струга до сега пристигнале 24 пријави на заболени лица. Од нив шест се деца на возраст под 12 месеци и кои не подлежат на вакцинација, а останатите се возрасни.
Сите се со многу лесна клиничка слика, некои од нив имаат малку зголемена температура, осипот е оскуден, само мал број од нив имаат осип на целото тело. Нема хоспитализирани лица, само малите деца, но и тие сега се дома и се во добра состојба.
– изјавува Јованка Штурлакова-Коровешоска од охридскиот Институт за јавно здравје.
Коровешоска со апел до родителите да извршат вакцинација на децата според вакциналниот календар. Периодот на инкубација е од десет до дванаесет дена, па така во наредните денови се очекува зголемување на бројот на заболени лица. Заболените мора да се во изолација за да не дојде до ширење на заразата.
Јованка потенцира дека процентот на вакцинација во општините Охрид, Струга и Дебар е одличен и се движи над 89%.