Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска беше во посета на Општина Пехчево и оствари средба со Градоначалникот на Општина Пехчево Александар Китански. На средбата беше потпишан Договорот за Реконструкција на улица „Индустриска“ во Пехчево, согласно Проектот за поврзување на локални патишта кој се финансира со заем од Меѓународна банка за обнова и развој и Светска Банка и имплементиран од страна на Министерството за транспорт и врски.
По потпишувањето на Договорот треба да се отпочне во најскоро време и со градежните работи на улица „Индустриска“ и истата ќе добие нов, современ изглед, со што се подобрува патната инфраструктура во градот Пехчево.
На средбата беше разговарано за понатамошните активности кои ги планира Градоначалникот на Општина Пехчево Александар Китански во однос на подобрувањето на патната инфрструктура во градот Пехчево и селските населби се со цел на граѓаните да им се овозможи да живеат во една современа и урбанизирана општина.
Извор: Општина Пехчево