27 бездомни кучиња се сместени во стационарот за кучиња скитници во Штип.
Сметам дека добар дел од кучињата кои ги заловивме се здрави, а можам да кажам дека има и кучиња коишто покажаа присуство на лишманија. Досега имаме еутaнизирано осум кучиња, за едно и денеска ни пристигна резултат. Што значи веќе девет кучиња се со присуство на лишманија. Знаете дека преку чувањето на здравјето на животните се грижеме и за здравјето на луѓето,
– изјавил директорот на Ветеринарната станица во Штип, Митев. Тој дополнил дека ваквите кучиња не треба да бидат низ улиците, бидејќи се потенцијална закана за зараза, а ги има во голем број.
Позитивна информација е што веќе има интерес од страна на граѓани да вдомат кучиња од прифатилиштето.