По повод 8 Септември Денот на независноста на Република Македонија во Свети Николе делегации на општествени институции, политики партии и здруженија на граѓани положија свежо цвеќе пред Споменикот на паднатите борци од НОВ 1941-1944 година и пред Споменикот на паднатиот бранител од војната во 2001 година Александар Серафимов.
Од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Делегацијата ја предводеше кандидатот за градоначалник за општина Свети Николе Дејан Владев.
“Делегација на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Свети Николе по повод 8 ми Септември-денот на Републиката, положи свежо цвеќе пред споменикот на бранителот Александар Серафимов и споменикот на паднатите борци од втората светска војна.Македонија вечна !!!”
-соопштија на фејсбук од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.