• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Регион

Воденица стара шест века и денес меле жито

мај 25th, 2018 Регион коментари 1257

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest

Белската воденица е последната што останала на Кочанска Река од некогашните 28, а нејзините сегашни ѕидови се изградени пред 130 години. По патот што оди кон Полаки, некогаш минувале караваните со жито од Овчеполието. Имале многу жито, и по 20-30 коњи. Оделе кон Кочанска и кон Оризарска Река за да го сомелат.

Од некогашните 28 воденици на Кочанска Река и неколкуте на Оризарска, денес опстојува само уште една – онаа на браќата Ангелови. Има податоци дека е стара 600 години, а во нивното семејство тие се трето-четврто колено сопственици. – Дедо ми ја купил од Белани, од Каракаш, и така ја викаат Белска-Каракашка воденица. Ја викале порано и Јованова, по дедо ми Ване. Подолу била Пандевата, а погоре Тодорковата, Ајдаровата, Шијаковата, па Галабци… Дедо ми ја купил заедно со шура му, дедо Милосие. Од турско време е останата, имаме и турски тапии.

Милосиевата е лепенка на оваа, но само нашава уште меле жито. По работа, за викенди и празници, ние сме тука. Мелеме и за нас, а доаѓаат и други за услуга – ни раскажува воденичарот Зоран Ангелов. Воденицата се наоѓа во непосредна близина на градот Кочани, во месноста Бавчалук, кај тамошниот спортско-рекреативен центар. Изгледа автентично, како да е етномузеј што сведочи за некои минати времиња. Во дворот има неколку воденички камења, фурна за печење леб и бунар. Пред да ѕирнеме внатре, Зоки нѐ поведува зад воденицата, на јазот, каде што ја фаќа водата за да врти воденичкиот камен.

– Тука го фаќаме јазот. Долг е 600 метри – 300 метри е во наша сопственост, а 300 е на државата – ни вели. Во непосредна близина е првата контролна точка на јазот. Местото е подлабоко и, кога нема потреба да меле воденицата, јазот се спушта надолу, а водата повторно се влева во Кочанска Река. Зоки го спушта савакот и водата се навртува кон воденицата. – Мелеме ‘ржено, пченично, пченкарно, интегрално брашно. Крма за стока не мелеме. Нешто сами произведуваме, а инаку купуваме – зборува тој, но по кратко вели дека нема доволно вода за да заврти каменот и оти ќе мора да ја засили. Ни објаснува дека подолу на јазот има уште саваци со кои го контролира текот. Освен тоа, вели, честопати дотекот се намалува и поради ѓубре. – Сешто носи водата. Па го чистам одвреме-навреме. Ќе ја засилиме водата и ќе меле – зборува воденичарот. Тоа го направи и овојпат. Со стап што му стои подготвен на местото каде што е вториот савак, го вади насобраното ѓубре – земја, гранки, лисја, но и човекови отпадоци, пластика, предмети што завршиле во реката, а оттаму и во јазот. Рана цреша, веќе со зрели плодови, надвиснала токму над местото каде што Зоки го поставува вториот савак.

Домаќинот ни ја наведнува гранката, нѐ кани да пробаме. Земаме по некоја, а со очите љубопитно го следиме секое негово движење. – Е сега ќе има доволно вода – вели тој. Во воденицата, пак, сѐ е бело, прекриено со брашно, како што впрочем и се очекува. – Одзади има шест метални буриња. Шестото е конусно, фи 100-120. Кога ќе се наполнат тие буриња, 1.000-1.200 до 1.300 кубици вода, под притисок врти чаркот, а тој е поврзан со едно вретено. Вретеното го врти каменот, роторот. Долу има уште еден камен, статор. Камењата се тријат еден од друг и тука вадат брашно – ни објаснува Зоки. Бидејќи Јовановата и Милосиевата воденица биле лепенки, една до друга, воденичките камења биле поставени да вртат во спротивна насока. Кај дедо Милосие вртела надесно, а кај дедо Ване налево. Вртеле така за да ја фрлаат водата надвор од темелот, за да не се поткопа.

Оттаму водата се враќала во јазот и продолжувала до друга воденица или назад во реката. Во меѓувреме воденичкиот камен почнува да врти. Зоки става жито и со нешто што наликува на грамофонска рачка ни покажува како се регулира брзината на истекување на житото, колку да биде ситно или јадро брашното. Чепка околу каменот и тој почнува да се врти уште побрзо.

– Кога има влажно жито, се лепи и не сака да меле – објаснува. Тука доаѓаат да мелат брашно и од Лесново и од други манастири. Нема друга воденица во тој крај. А токму од Лесново браќата Ангелови ги набавуваат воденичките камења. – Единствено уште таму ги копачат од пештерите. Или се снаоѓаме да ископаме некој што е останат здрав од напуштените воденици, па го дообработуваме.

И во Лесново сѐ помалку ги копачат. А кога се меле брашно, брзо се троши каменот, почесто се клепа – раскажува Зоран. Чувари на традицијата Воденицата првично била направена од плот, а сегашните ѕидови ги направил дедо Ване. Не работела само во еден период, по изградбата на браната Гратче, од 1960-тите до 1980-тите. Во 1988 година, Василко Ангелов, таткото на Зоран и на Ванчо, ја обновил и оттогаш тие ја одржуваат традицијата.

– Имам две ќерки, брат ми има ќерка и син. Се надеваме дека ќе се наде некој што ќе продолжи да ја одржува и по нас – вели Ангелов. Облека на каменот Со воденичкиот камен се поврзани повеќе народни верувања. Бидејќи каменот на воденицата на Ангелови врти налево, спротивно од стрелката на часовникот, демек го враќа времето, луѓето често доаѓале и барале да се врзе парче облека да се врти заедно со него.

– Доаѓаат луѓе од разни краишта, оставаат парче од облеката, обично долна маица, да се сврти на каменот. Се враќаат и ни велат дека болеста или маката им поминала. Идат и жени што не можат да родат. Пред неколку години дојде еден татко со мало момченце. Имало некакви израстоци на раката. Низ каменот пуштивме едно гранче и по неколку дена луѓето се вратија да честат. Израстоците ги немало – вели Ангелов.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Пехчевски водопади – Таму дарбите природна сила…
Следна објава Педесет зелени нијанси во клисурата на Кочанска Река.
Може да Ве интересира:
Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина
Институции

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

април 1st, 2023 390
Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија
Институции

Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

ноември 23rd, 2022 579
Реализирани дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 23.11.2022
Институции

Реализирани дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 23.11.2022

ноември 23rd, 2022 543
Кој и зошто им ја секнува водата  во домовите на жителите на с. Град, делчевско?
Институции

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

ноември 22nd, 2022 632
Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза
Институции

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

ноември 21st, 2022 507
Улицата "Браќа Даневи" во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата
Институции

Улицата "Браќа Даневи" во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

ноември 21st, 2022 444
Ели Ангеловска: Граѓаните на Делчево имаат право да ја знаат вистината за уредувањето на семејниот двор на директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево
Граѓани

Ели Ангеловска: Граѓаните на Делчево имаат право да ја знаат вистината за уредувањето на семејниот двор на директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево

ноември 19th, 2022 1461
Пијанец, Делчево, Тработивиште, Зелки... Звучи како стихотворба но функционира!
Граѓани

Пијанец, Делчево, Тработивиште, Зелки... Звучи како стихотворба но функционира!

ноември 17th, 2022 378
Дали директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево ја злоупотребил позицијата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ
Институции

Дали директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево ја злоупотребил позицијата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

ноември 17th, 2022 612
Жена на денот
Тајлин Блонд- модел во светот на убавината од најмала возраст

Тајлин Блонд- модел во светот на убавината од најмала возраст

586
Маж на денот
Џим Морисон и работите кои никогаш не излегле во јавност за него

Џим Морисон и работите кои никогаш не излегле во јавност за него

1838
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
После караванот-кучиња: Што се однесува до платите на вработените во СЈО, подготвени се законски измени на Законот за јавнообвинителски службеници вели Дескоска
Македонија

После караванот-кучиња: Што се однесува до платите на вработените во СЈО, подготвени се законски измени на Законот за јавнообвинителски службеници вели Дескоска

Сеп 21st, 201925
Горазд Росоклија -  ЕДНА МИСЛА ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ
Македонија

Горазд Росоклија - ЕДНА МИСЛА ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ

Мар 12th, 201924
Колку нови пратеници ќе влезат во македонското Собрание!?
Македонија

Колку нови пратеници ќе влезат во македонското Собрание!?

Окт 25th, 201722
Во Чешка се случува востание на слободарскиот народ
Европа

Во Чешка се случува востание на слободарскиот народ

Сеп 4th, 202221
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.