Поради зачестените пожари уште во овој ран период во шумските појаси и ниви, ќе се превземаат зајакнати мерки на превентивен и репресивен план.
Ќе има заеднички патроли на полициски и службеници од шумската полиција, со цел превенирање и санкционирање на несовесно однесување на поединци, надзор на претпријатијата што стопанисуваат со шуми и насоки за зајакната контрола на терен со примена на законската регулатива.
Предвидена е интензивна соработка со институциите на локално и регионално ниво за размена на информации во врска настанати пожари, организирање на дополнителна помош во опрема, техника, сили и средства. Предвидена е соработка со територијалните против-пожарни единици, ЈП „Македонски Шуми“, Националните паркови, шумската и граничната полиција, АРМ, органите на локалната самоуправа, медиумите, Црвениот крст и другите надлежни субјекти и институции.