Откако на лидерот на Македонската опозиција од страна на Талат Џафери не му беше дозволено да се обрати во Македонскиот парламент, Христијан Мицкоски во интервју за Дојче Веле истакнува дека народот многу брзо ќе ги слушне пораките од “забранетиот дговор”. Притоа истакна дека не е принципиелно на Столтемберг, Могерини и многу други говорници кои не се членови на парламентот да им се дозволува да се обраќаат пред Македонскиот народ од говорницата ан Собранието, а на лидерот на најбројната опозициона партија тоа право (кое што патем е можно и според Деловникот) да му биде ускратено.
Особено во вака важни моменти на Македонското политичко егзистирање со кое се предлагаат поништување на Уставот и идентитетот на Македонскиот народ.
Дополнително на прашањето од новинарот на Дојче Веле
“Има ли шанса заедно со Заев да најдете заеднички јазик за Договорот од Преспа?”
Христијан Мицкоски категорично и доследно на сите досегашни негови искази одговара:
-Има шанса да констатираме дека Договорот е мртов. Секое натамошно силување на овој процес само ќе произведе дополнителни тензии и поларизации во општеството, а единствен виновник за тоа е Зоран Заев кој ветуваше нешто што не може да го исполни. Како пропадна предлогот ‘Илинденска Македонија’? Ципрас рече дека нема 151 пратеник што ќе го прифати тој предлог т.е. дека нема мнозинство во грчкиот парламент. Зошто Заев не рече: ‘Немам двотретинско мнозинство, и не го прифаќам предлогот Република Северна Македонија’!?
што дополнително влева надеж кај Македонскиот народ за опстојување на линијата на Македонскиоте национални интереси и волјата на Македонскиот народ демонстрирана на Референдумот на кој Преспанскиот договор не ја доби потребната поддршка од граѓаните.
Целото интервју на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ за Дојче Веле може да го прочитате тука.