Вицепремиерот Бујар Османи на иста линија како и Зоран Заев не додржа ниту три дена во својот став. На Ѓурговден излезе со осуда на стружани кои во голем број излегоа на христијанскиот обред – Литија, ги нарече неодговорни и дека шират вирус, за што ќе има одговорност. Иако како што кажаа од МПЦ настанот бил по сите протоколи и граѓаните држеле растојание помеѓу себе.

Не поминаа ниту три дена, а Османи од човек кој го осуди христијанскиот обичај излезе со став дека џамиите треба да се отворат и да почнат да примаат верници од вторник. Тој денеска наспроти неговиот став од пред три дена во изјава за медиумите соопшти дека верниците не се криминалци и дека потребата нивна да ја вратат врската со верата не е криминална.
Мислам дека треба да престанат нападите директни врз верските заедници,
-соопшти Бујар Османи во неговата изјава во пресрет на најавената намера на ИВЗ да ги отворат џамиите од вторник. Овој негов став оди наспроти неговиот став во врска со литијата во Струга на Православните христијани од пред три дена кога ги нападна христијаните кои учествувале во Литијата дека тоа било највисоко ниво на неодговорност и бараше одговорност.
Дополнително разликата меѓу литијата на стружани и најавеното отварање на џамиите со што на мал простор ќе има собирање на голем број на луѓе. дополнително се состои што просторот во џамиите е затворен а литијата се реализираше на отворено каде според фотографиите од птичја перспектива биле запазувани растојанието за одалеченост на верниците.

Фото од дрон во моментот пред започнување на литијата за Ѓурѓовден во Струга


