На прес конференција од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип во јавноста обелоденија информации за вработување на членови на исто семејство во локалните институции во Штип.
“Синот – Од правник во Клиничка болница, унапреден во Раководител во Општина Штип.
Таткото – Поранешен Советник, а сега Претседател на Управен одбор на ЈП Исар.
И најново, мајката – вработена во истото тоа јавно претпријатие.
Фамилијарни вработувања и унапредувања и тоа не поради способноста, туку единствено поради нивното членство во Социјалдемократскиот сојуз.
Иако за само две години членовите на семејството Вацеви смениле неколку институции и неправедно ги унапредиле, некои од нив се истакнале по својата нестручност и неспособност, кое се докажува и сега.
Ова познато социјалдемократско семејство, во својата алчност за јавни функции, заборавило една клучна работа!
Согласно Законот за спречување на корупција и судир на интереси и согласно Законот за јавни претпријатија, таткото, како Претседател на Управен одбор на ЈП Исар има судир на интереси со вработувањњето на сопругата во ЈП Исар.
Меѓутоа, ние не сме овде да судиме, туку само да посочиме.
За таа цел, ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе пријава до Државната комисија за спречување на корупцијата, која треба да утврди дали овој неморални и алчни потези на фамилијата Вацеви се во рамките на законите. “
-соопшти Игор Ефтимов од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Штип.


