Деновиве започнаа градежните активности за изградба на три нови улици за жителите на општина Карбинци. Селата Козјак, Таринци и Аргулица во општината Карбинци со тоа добиваат подобри услови за секојдневен живот на жителите кои што до сега мака мачеа со прашината и калта кои што секојдневно ги обременуваше нивните животи.
Градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов во јавноста го соопшти почетокот на изведбените работи како и значењето за граѓаните од реализацијата на овие инфраструктурни проекти.
“Започнаа градежните активности за изградба на улица во с. Козјак. Паралелно се започнува со изградба на уште две улици, една во с. Таринци а другата во с. Аргулица со вкупна површина од 1700м2.
Вредноста на овој инфраструктурен проект изнесува 1.700.000 денари, средствата се во целост обезбедени од буџетот на Општина Карбинци.
За нашите жители да добијат подобар и поквалитетен живот, она што со години им недостасува и го заслужуваат се вложуваме максимално. “
-информираше градоначалникот Виктор Паунов во врска со почетокот на изградбата на овие три улици.