Екипата на Јавното претпријатие “Стипион” во Штип што работеше на санацијата на паднатиот потпорен ѕид на ул. Ванчо Китанов денеска ги заврши своите работи. Заврши изведбата и на новата дренажа за атмосферски води на оваа улица. Останатите екипи кои активно работат на терен продолжуваат со реализацијата на останатите работи во другите населби:
Завршна работа на паднат потпорен ѕид и изведба на дренажа на улица Ванчо Китанов
Работа на оградата на спортското игралиште во Чардаклија
Припрема за осветлување и поставување на кабел на мини парк во населбата Сењак 4
Редење на коцка на пешачки патеки во паркот населбата Дуизлак
Продолживме со ноќното обележување на сообраќајната сигнализација”
-информираат од ЈП “Стипион” Штип.