• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Зборник на трудови ,,Ѓурѓовден во Република Македонија“ промовиран во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

октомври 5th, 2018 Македонија коментари 1233

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Зборник на трудови ,,Ѓурѓовден во Република Македонија“ промовиран во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

На 03.10.2018 година, во просториите на НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје, беше промовиран зборник на трудови „Ѓурѓовден во Република Македонија“, во издание на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“  –  Скопје, како дел од Годишната програма на Управата за заштита на културното наследство за одбележување на Европската година на културното наследство која во текот на 2018 година се реализира под слоганот „Нашето наследство – Европска вредност“ и мотото „Кон споделена одговорност за заштита на културното наследство“.

Изданието го промовираа д-р Елеонора Петрова-Митевска, директор на Управата за заштита на културното наследство, д-р Весна Петреска научен советник во Институтот за фоклор „Марко Цепенков“ и д-р Зоранчо Малинов директор на Институтот за фоклор „Марко Цепенков“ и уредник на изданието.

Зборникот со 6 студии за „Ѓурѓовден во Република Македонија“, претставува заокружување на повеќегодишната соработка меѓу Управата за заштита на културното наследство и Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје како овластен субјект за заштита на нематеријалното културно наследство, на валоризација на празнувањата на пролетниот празник Ѓурѓовден кај сите етнички заедници во Република Македонија. Препознавајќи ја кохезивната функција на нематеријалното културно наследство за нашето општество, празнувањата на Ѓурѓовден кај Македонците, Ромите, Турците, Албанците и Власите како поединечни добра во 2011 година се прогласени за културно наследство од особено, поткатегорија исклучително значење.

Ѓурѓовден е еден од позначајните празници од народниот календар на Македонците но и на останатите етнички малцинства кои како делови од соседните балкански народи живеат во границите на Република Македонија. Се прославува на 6 мај секоја година. Практиките кои денес се зачувани и нотирани за и околу празникот, покажуваат наслојувања од народната практика на старото балканско претхристијанско население, доминација на религиозни практики од христијанско потекло но и елементи одисламаката традиционалана култура. Спојот на овие две се смета дека се случил во средниот век, кога кон празнувањата на преминот од зима кон пролет се приклучуваат и религиозните чествувања на светецот Св. Ѓорѓи кој живеел и делувал на преминот од III во IV век.

Обредноста што се спроведува на Ѓурѓовден е мошне комплексна со оглед на фактот што, обичаите што се извршуваат на овој празник опфаќаат широк дијапазон на разни обредно-магиски постапки кои имаат различни цели. Доколку се изврши подетална анализа на ѓурѓовденските обичаи ќе се забележи дека во суштина тие претставуваат составен дел на неколку култови, како што се: култот кон природата, кој понатаму може да се расчлени на култ кон вегетацијата, култ кон домашните животни, разни култови кон одредени диви животни (змија, разни птици итн.), потоа култот кон плодноста, како и култот кон свети Ѓорѓи. Од тие причини, ѓурѓовденските обичаи најчесто се врзуваат за сточарските заедници на Балканот, аналогно и во Република Македонија.

Заедничкото празнување на Ѓурѓовден со посетување на исти култни места, како на пример, Говедаров Камен на Овче Поле или на други слични локации во некои мешани средини, каде што живеат претставници од различни етнички и конфесионални заедници во Р. Македонија, му дава и посебно значење на овој празник.

Теренските истражувања во врска со ова нематеријално добро се реализирани во повеќе наврати од страна на истражувачите на Институтот за фолклор “Марко Цепенков” – Скопје, планирани во рамките на научно-истражувачките проекти, оттаму, како автори на студиите во ова издание се јавуваат: за Ѓурѓовден кај Македонците во Република Македонија д-р Зоранчо Малинов и д-р Велика Стојкова Серафимовска, Ѓурѓовден/Aiyi Yoryi (Св. Ѓорѓи) кај Власите д-р Клеанти Ановска, Ѓурѓовден /Shën |Gjergj (Св. Ѓорѓи) кај Албанците д-р Изаим Муртезани; Ѓурѓовден/Erdelez кај Ромите д-р Трајко Петровски и за  Ѓурѓовден/Hıdırellez кај Турците д-р Актан Аго.

Следејќи го зголемениот научен интерес за истражување на фолклорот како нематеријално културно добро, ова издание кое е финансирано со средства од Министерството за култура на Република Македонија, има за цел да ја промовира и потенцира важноста на разноликоста во културните екпресии и да укаже на потребата од вклучување на нематеријалната култура во креирањето на државните и меѓународните развојни политики.

Превземено од: http://uzkn.gov.mk

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Да не се заборави: На денешен ден го променија државното знаме на Република Македонија
Следна објава Филхармониска оркестрација на "Hi-Lo" од Evanescence од нивниот претстоен ДВД албум во живо
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 725
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 654
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 679
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1333
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 612
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 707
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 375
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 467
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 687
Жена на денот
Тајлин Блонд- модел во светот на убавината од најмала возраст

Тајлин Блонд- модел во светот на убавината од најмала возраст

677
Маж на денот
Ал Пачино: Еден од најдобрите но и најмудри актери во историјата на филмот

Ал Пачино: Еден од најдобрите но и најмудри актери во историјата на филмот

2977
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 201925
Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ
Македонија

Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ

Мар 7th, 201921
Општина Кочани работи на ревитализација на повеќе јавни простори во градот
Регион

Општина Кочани работи на ревитализација на повеќе јавни простори во градот

Авг 26th, 202220
ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!
Македонија

ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!

Јун 21st, 201920
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.