На денешната седница на Комисијата за мандатно имунитетни прашања пратеничката Жаклина Пешевска која исто така беше цел на пресметка на власта со симнувањена Пратеничкиот имунитет и апсења и притвори во 05 часот наутро, се обрати за поддршка на својот колега Љупчо Димовски на кого пратениците од мнозинството гласаа за одземање на пратеничкиот имунитет.
На крај од својот говор Пратеничката Жаклина Пешевска се сврте и гледајќи го во очи пратеникот Павле Богоевски од Шарената револуција го запраша:
Павле има ли правда, има ли мир?
За потоа да констатира:
Нема одговор: Тивко е на ножот.


