Илина Соколовска се пласира во полуфиналето на првенството во Германија во ритмичка гимнастика, каде го освои третото место во натпревар каде учествуваа 17 гимнастичарки.
Илина има 12 години, но поради големиот талент настапува во група со спортистки од повисоките категории, кои имаат по 14 или 15 години.
Го освои третото место, со освоени 20,65 поени, каде се квалифицира во полуфинале на Германија, кое ќе се одржи на 14 и 15 април во Дрезден, во Германија. „Малата ѕвepка“, како што ја нарекуваат Илина медиумите во Германија, ги воодушеви сите 32 судии кои беа дел од натпреварите.
Илина досега на сите натпревари освојувала награди а минатата година на првиот интернационален настап во Украина беше прогласена за принцеза на овој спорт.