Доколку имате домашно милениче или планирате да чувате, прочитајте кои се најчестите митови, но и некои вистини поврзани со галеничињата.
Кучето што го лиже својот сопственик на уста може да го зарази.
Факт – Во устата на кучето може да се најде салмонела и кампилобактер поради навиката да го чисти својот задник после нужда, бактерии кои може да го заразат сопственикот и да предизвикаат тешка дијареја.
Луѓето може да ги заразат своите миленици.
Факт – Не често, сопствениците кои се заразени со свинскиот грип H1N1 или со Ешерихија коли, може да ги заразат своите миленици.
Кучињата може да го намирисаат дијабетесот кај луѓето.
Факт – Кучињата може да го намирисаат ниското ниво на шеќер во крвта (хипогликемија).
Мачките може премногу да сакаат.
Факт – Експертите за однесување на животните тврдат дека некои мачки доживуваат анксиозност кога се одделени од своите сопственици.
Кучињата може да научат 250 зборови од своите сопственици.
Факт – Одредени раси на кучиња, како што се Бордер коли, Пудлица, Германски овчар, Златен ретривер, Доберман и Пинчер, може да разбираат дури до 250 зборови кои нивните сопственици ги кажуваат.
Белите мачки често се глуви.
Факт – Мачките со бело крзно често пати се глуви на едното или на двете уши, особено кога имаат сини очи. Кога едното око е сино, мачката веројатно е глува само на таа страна.
Мачките секогаш паѓаат на нозе.
Мит – Иако мачките скоро секогаш паѓаат на своите нозе, тие може да доживеат тешки повреди кога паѓаат на глава или на грб.
Мачките мирисаат со устата.
Факт – Мачките имаат мали мирисни жлезди на горниот дел на устата, наречени вомероназален орган.
Светот на кучињата е црно-бел.
Мит – Кучињата гледаат сино, виолетово, и многу други нијанси на сива боја. Тие, исто така подобро гледаат во темница и може да го забележат и најмалото движење.
Топол нос – болно куче.
Мит – температурата на носот од кучето лесно се менува, и не е прогностички знак за болест. Посигурни знаци за заболување се летаргија, губење на апетит, кашлање.
На мачките им е потребно млеко во исхраната.
Мит – Во многу цртани филмови е создадена оваа погрешна слика за диетата на мачките. Кравјото млеко кај мачките може да предизвика дијареа поради тоа што тие немаат доволно лактаза, ензим кој е потребен за разложување на лактозата во млекото.
Чадот од цигарите ги убива кучињата и мачките.
Факт – Пасивното пушење на домашните мачки е опасно, затоа што тие ги внесуваат двојно повеќе токсините од цигарите – преку дишење и преку лижење на своето крзно на кое има резидуи од чадот. Кучињата со долги носови може да развијат назални тумори, а оние со кратки – карцином на бели дробови.