Инспиративни жени кои ќе промовираат храброст, авантура, единство и страст за моторциклите од сите страни на светот .
“ Hayley Bell е една од основачите на WRWR (Women Riders World Relay) 2019 – мото штафета од глобален карактер во која учествуваат жени-бајкерки.
Штафетата е тргната од Шкотска во февруари 2019 година и продолжила со патувањето низ Ирска, Велс, Велика Британија, Шпанија, Португалија, Андора, Италија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Македонија, Србија, Унгарија, Словачка, Полска и така натаму, се до враќањето на штафетата во Велика Британија во јануари/февруари 2020 година.
WRWR низ нашата држава ќе помине на 3-ти и 4-ти Април 2019 година. Првиот ден ќе се вози траса Струга – Струмица, а вториот ден траса Струмица – Скопје.
Апликациите се отворени до четврток 28-ми Март. Бајкерките кои би сакале да учествуваат а сеуште не се регистрирани може да го сторат тоа на: https://womenridersworldrelay.com/routes/
Мажите се повеќе од добредојдени да учествуваат во овој настан, како поддршка и придружба.
WRWR моментално има над 15.000 членови во 120 земји низ целиот Свет, а бројот секојдневно расте.