Претсаедателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со директорот на Националниот Демократски Институт (НДИ) за Европа, Роберт Бенџамин.
Притоа во рамки на средбата се разговарало за
актуелната политичка и економска состојба во земјава, но и за стратешките цели на Република Македонија како влезот во ЕУ и НАТО.
како што соопшти Претседателот Миџцкоски на неговиот фејсбук профил.
Заедно со Бенџамин ја поздравивме досегашната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и НДИ и заклучивме дека постои можност за нејзино понатамошно унапредување. На средбата го информирав директорот на НДИ за Европа, Бенџамин за немањето демократски капацитет и злоупотребата на институциите од страна на власта. Исто така се осврнав на немањето капацитет на власта да ги спроведе реформите и да се справи со корупцијата што беше потврдено и на состанокот на министрите на земјите членки на ЕУ поради што земјава не доби покана за членство во унијата. Изразив загриженост за лошата економска ситуација во која се наоѓа државата што резултира со се поголемо осиромашување на граѓаните на Република Македонија. На средбата посочив дека стратешки приоритет на Република Македонија е членството во ЕУ и НАТО, кое треба да биде резултат на спроведени реформи и владеење на правото, а не на штетни договори кои наидуваат на осуда во јавноста.
соопшти Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ по денешната средба.