• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Колумна

Една изборна единица во Македонија за продолжување и етаблирање на животот на “Северна”

март 6th, 2021 Колумна коментари 711

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Една изборна единица во Македонија за продолжување и етаблирање на животот на “Северна”

Периодот после промената на името на Република МАкедонија направено на противуставен, незаконски начин, со уцени, поткупи и против волјата на мнозинството Македонски граѓани наликува на политичко мочуриште во кое владеат хаосот, неправдата и безредието.

Откако Зоран Заев со блиц- криг го промени текот на историјата во МАкедонија по мерка на неговите странски газди, Македонскиот народ скапо ја плаќа цената на неговото предавство кое само за себе е страшно, но во заедништво на сето она што следуваше потоа, е апокалиптично за Македонија. Во финансиска смисла Зоран Заев заедно со целокупниот негов режимски апарат дебело го наплатија својот предавнички ангажман, што за луѓе без основно чувство на припадност и потекло и не е така лошо. Цената на тоа предавство секако ја плати Македонскиот народ од Буџетот на Владата на Република МАкедонија и општинските буџети на локалните самоуправи кои по различни основи го собираат Македонскиот денар кој е со крв и пот заработен од стопанството и реалниот сектор.

Но цената на предавството порасна до таа мера што Зоран Заев ги задолжи и идните генерации Македонци со кредити, еврообврзници и разни извори на пари од меѓународни финансиски институции, што во финансиска смисла ја доведе државата до потчинетост и задолженост, осудена да стане роб на глобалниот финансиски поредок кој ја окупира цела Европа.

И оваа потчинетост на (сеуште) Македонската држава не е толку страшна ако се разгледува сама за себе. Но синхрониозирана со принудната евакуација на Македонското население по разно-разни светски мередијани, обликува значаен фрагмент во Македонскиот мозаик на уништувањето на Македонскиот идентитет.

Политичкото милје во државата сегрегирано на парламентарните групи на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ, Левица во (условно кажано Македонскиот блок) и ДУИ, Алијанса на албанците и Алтернатива во Албанскиот блок претставува кулминација на жестоката поделеност на Македонските граѓани до ниво на непомирливост и нетолеранција што е погоден нуклеус за понатамошен распад на државата на ентитет различен од се она за кое беше создадена Република МАкедонија со нејзините АСНОМСКИ корени.

  1. Гледано во парламентарни рамки ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија/ коалиција и политичка сила која се уште е против редефинирањата на Македонија кои што сите останати парламентарни групи во своите политички и идеолошки агенди се залагаат да ги постигнат. Предвидливоста и конзистентноста на политиките на актуелното партиско раководство на ВМРО-ДПМНЕ во поглед на заложбите за опстој и афирмација на Македонскиот национален идентитет е повеќе од присутна, што поради ваквиот начин на водење политика, партијата е однапред “прочитана” во нејзините постапки и политички активности и агенда од страна на домашни а особено странски центри на моќ и анализа. ВМРО-ДПМНЕ е моменталниот непријател на политичкиот развој на настаните планирани за “Северна” и можеме да видиме како Зоран Заев со помал број на пратеници на СДСМ (во споредба со ВМРО-ДПМНЕ) владее со Македонија.
  2. СДСМ предводена од Зоран Заев со целокупниот негов измамнички капацитет на лаги, уцени, поткуп и лажна либерална ноншалантност, поддржан од неговниот силен клиентелистички апарат е донесен на власт на 15 јули минатата година со единствена цел да продолжи во својот редефинирачки поход за пеплосување на вредностите на Македонската традиционална државност и постоење. И Зоран Заев е посветен и способен човек тоа да го направи врз основа на целокупниот негов досегашен учинок во државата. Се поретки се припадниците на “интелектуална елита” која говори во прилог на неговите деструктивни политики поради секнувањето на парите од осиромашениот и задолжен државен буџет кој што секнува по сите основи. Системот на Зоран Заев е готов да пропадне во сегашната констелација на должничко-доверителски односи во политичкиот квантум на електоратот во Македонија. Парите секнуваат, а Зоран Заев наоѓа дупки во законот за да се одржи на власт.
  3. Левица предводена од Димитар Апасиев со своите 2 пратеници како пратеничка група според многумина е светло изненадување на Македонската политичка сцена. Тие многумина во голема мера привлечени од националистичката реторика на Апасиев полагаат големо количество на идна надеж за разбивање на биполарниот Македонски блок на политички избор. Веројатно многумина од овие многумина кои ја поддржуваат Левица во нивниот поход за дограбување на власт не ја спознале или или барем прочитале социјалистичката доктрина содржана во политиките на Левица за “бескласно општество” во кое доминантната водечка улога а распределбата на ресурсите на општеството би ја имала токму (чудно) самата Левица. Свежи се сеќавањата на социјалистичкиот апарат на Комунистичката партија на Македонија пресликани во ликот и делото на Димче, чиј што младешки живот наликува на млад Скоевец во периодот на српската окупација на Македонија во рамки на Кралството СХС. Сето она што не е Зоран Заев во левичарска смисла на зборот, тука е Димитар Апасиев да го замени во улогата на привлекување на сите крајно левичарски структури кои се гадат од (моментално) капиталистичките политики на Зоран Заев. И тие гласови (верувајте ми) се на сигурно и во некоја идна погодна ситуација тие гласови повторно ќе ја воздигнат СДСМ од пепелта на она што Зоран Заев ќе го остави во таа партија.
  4. ДУИ со нивниот тврд социјалистички концепт на практукување на власта во Македонија се повеќе од прочитана книга за поупатените политички аналитичари. Дополнително нивниот националистички наратив и терористичко минато им овозможува да играат на картата на големо-албанскиот национализам доста успешно, секако на штета погодете на кој! Али Ахмети во идеолошко политичка смисла пресликан во Македонскиот политички табор се чини како прототип на Димитар Апасиев: Изворен социјалист, со милитаристичка реторика и постапки кои говорат за национализам а се борат за бескласно општество. Таман!
  5. Алијанса на Албанците како и Алтернатива кај себе имаат карактеристики на десничарски политички определби, но практикуваат левичарски методи на делување што ги чини доволно непредвидливи и за нивните членови и активисти а не пак за поширокиот гласачки електорат.

И во вакво разбранувано политичко море на водство на МАкедонските граѓани од дамарите на Коалицијата “Можеме- уште повеќе и уште подобро” излегуваат предлози за редефинирање на и така дефектниот постоечки изборен модел во уште по дефектен изборен модел кој што ќе донесе дополнителни поделби во Македонија. Секако за разбирање се тука барањата на непарламентарните мали политички партии кои се борат за зрак од сонцето и за нив, за да може да опстојат во Македонската политичка бара. Аргументите на Левица дека легално (врз основа на постоечкиот изборен модел) им се украдени одреден број на мандати се повеќе од конфузни, затоа што бројот од 120 мандати нема да се зголеми при промена на изборниот модел во една изборна единица каде важат поинакви правила за редистрибуција на гласовите во пратенички мандати. Ваквото бледо соколење на изворниот Скоевец е пропагандно манипулативно сретство за храбрење на неговата армија следбеници и билдање на дополнителен рејтинг кој што многу тешко ќе го постигне.

Токму овој предлог за воведување на изборен систем на една изборна единица во Македонија доколку се усвои ќе биде оставштина на поборниците за “Северна” таа да продолжи да живее и да се етаблира на долг период во иднина.

Концептот на една изборна единица во демократски земји низ Европа е посакуван и корисен, но во политичкото мочуриште како што е Македонија, тој концепт ќе биде само опстој на големите ајкули на штета на помалите политички субјекти кои ќе бидат еднократно проголтани и сварени од страна на посилните и побогатите партии. А за тоа време веќе “Северна” ќе набилда стаж и ќе биде историски факт за уцена и уништување на остатокот од Македонското национално ткиво.

Редефинирањето на постојниот ДЕФЕКТЕН изборен модел во една изборна единица ќе доведе до сегментирање на пратеничките мандати на 1-2-3 (за помалите политички парти) пратеници кои претпоставувам ќе имаат висока цена на поткупливост и влијание за реализација на сценариото за понатамошно уништување на Македонија различна од она што сме научени да го познаваме и признаваме како вредност во нашето секојдневие.

Потребно е редефинирање на изборниот модел во државата, но тоа треба да биде направено со широка, длабока и висока распространетост на јавна дебата а не на брзина стокмено решение кое оди во прилог на непријателите на Македонскиот национален идентитет и постоење! И секако потребно е широко знаење и познавање на потесниот и поширокиот контекст на политички баланс на силите како и можностите на Македонската политичка елита, сегашна и идна.

А најпрво од се е потребно да се изгради Македонска национална стратегија за опстој и афирмација на Македонскиот национален идентитет во рамки на актуелното и идно политичко превирање во котелот наречен Македонија.

Пишува: Кирчо Анастасов

  • Ознаки
  • Кирчо Анастасов
  • Колумна

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Љубомир Цуцуловски: БЛИСКУ ДО УМОТ Е… (За шпиуните и соработниците на туѓи држави)
Следна објава Игор Дурловски ги исцрта неговите линии за помирување
Може да Ве интересира:
Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест
Анализа

Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест

ноември 3rd, 2022 543
Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?
Анализа

Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?

октомври 29th, 2022 556
Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?
Колумна

Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?

октомври 26th, 2022 548
Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?
Колумна

Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?

октомври 15th, 2022 535
Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА
Колумна

Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА

октомври 10th, 2022 455
Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!
Колумна

Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!

октомври 5th, 2022 881
На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски
Анализа

На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски

септември 30th, 2022 564
Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех
Анализа

Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех

септември 20th, 2022 700
Што е силата на ВМРО?
Колумна

Што е силата на ВМРО?

септември 16th, 2022 681
Жена на денот
Гал Гадот од национален модел на Израел до светски феномен

Гал Гадот од национален модел на Израел до светски феномен

1229
Маж на денот
Џош Гробан - Најмилозвучната дарба преточена низ едно грло

Џош Гробан - Најмилозвучната дарба преточена низ едно грло

1619
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Ал Пачино: Еден од најдобрите но и најмудри актери во историјата на филмот
Маж на денот

Ал Пачино: Еден од најдобрите но и најмудри актери во историјата на филмот

Ное 21st, 201819
15  најстрашни музички дела на класична музика
Забава

15 најстрашни музички дела на класична музика

Дек 19th, 201919
Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам
Македонија

Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам

Сеп 8th, 202119
Ова се нереализираните проекти со кои Градоначалникот на Карбинци ги измами граѓаните да му ја доверат довербата пре речиси 4 години
Регион

Ова се нереализираните проекти со кои Градоначалникот на Карбинци ги измами граѓаните да му ја доверат довербата пре речиси 4 години

Мај 11th, 202119
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.