• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Колумна
Анализа

Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?

октомври 29th, 2022 Анализа, Колумна коментари 429

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?

Во услови на огромно ниво на ароганција и елитизам на поединци во власта во континуитет со години наназад, потребно е секој граѓанин на Македонија да биде т.н. шпицен градоначалник! И не само шпицен градоначалник туку секој граѓанин треба да биде и шпицен премиер, министер, директор, службеник во администрација итн. Време е секој граѓанин на Македонија да знае како и каде се трошат парите од јавните буџети на институциите а самоволието на избраните функционери не смее да остане незабележано и неконтролирано. Данела Арсовска во функција како градоначалник на Скопје со квалификацијата “шпицен градоначалник” кон Христијан Мицкоски јавно направи обид да соопшти дека не сака никој да и се меша во нејзината работа. Притоа обидувајки се да ја минимизира основната улога на лидер на една политичка партија која излегла пред своите членови, активнисти и уште поважно пред граѓаните и ја поддржал Данела Арсовска пред само една година да го раководи градот Скопје од името на ВМРО-ДПМНЕ меѓу сите други поддржувачи. Наместо отчет за едногодишното работење на Данела Арсовска скопјани добија остри погледи и иновација на епитет “шпицен градоначалник” кон лидерот на опозицијата.

Ваквиот јавен раскол и “покажување врата” на Христијан Мицкоски и неговиот обид да влијае на поефикасно исполнување на дадените ветувања од предизборната програма зад која застанаа сите поддржувачи на Данела, е само уште еден блед обид за урување на моќта дадена преку политичко обединување на мнозинството граѓани на Македонија зад политиките на ВМРО-ДПМНЕ.

Патем тоа е и обид на Данела Арсовска како поединец да урниса цел еден концепт на тимска работа на различните политички субјекти кој ја донесоа на таа функција и обид за концентрација на огромна количина моќ во сопствени раце. Со тоа таа прави обид за нејзино профилирање на Македонската политичка сцена која во суштина е во улога на локален диктатор кој пркоси на оние политички структури кои ја поддржале пред само неполна година.

Се сеќавам како медиуми и одредени инструментализирани канали на информирање (читај пропаганда) на герила начин го пренесоа победничкиот трубадурски марш на Данела Арсовска кон штабот на ВМРО-ДПМНЕ вечерта кога беа соопштени изборните резултати со кои таа стана градоначалничка на град Скопје.

Да! Македонскиот народ во одредени структури во општеството сака пркос, сака бунт, сака несогласување наспроти се што се случува во државата. Но кога тој пркос доаѓа со агенда патронирана од страни интереси, пркосот изродува франкенштајн- креатури кои секогаш завршуваат на буништето од историјата.

Ваквиот “испад” на Данела Арсовска која ја злоупотреби говорницата на Советот во Град Скопје и влезе во клинч со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ има две основни цели:

-Да се нанесе политичка штета за слабеење на ВМРО-ДПМНЕ преку спинови, поливистини, манипулации, демагогија и

-балансирање на моќта и дефокусирање на огромното незадоволство на граѓаните на Македонија од штетните анти-народни политики на централната власт во државата која сеуште е доминантна по сила и моќ и е најодговорна за општата криза која е присутна во државата.

Притоа ваквиот ПР момент кој што го спроведе Данела Арсовска покажува дека некому му се брза во интензивирање на процесите за кои што СДСМ беше донесена на власт преку инструментализирање на ДУИ, ЛДП, Демократски Сојуз, ДОМ, НСДП…. за таа цел.

Овој начин на бистрење политика од Данела Арсовска во изминатиот период е продолжение на т.н. кампања “сите се исти”, со која странските интересни центри на моќ доведуваат цела една држава во состојба на потчинетост преку интензивни поделби, гушење и потиснување на секаков масовно организиран општонароден отпор против непријателите на интересите на граѓаните на оваа држава.

Дали победа на Данела Арсовска беше резултат на нејзините квалитети, претставувања, програма, минат труд, визија за напред, или пак поради неспособноста, ароганцијата, комуњарскиот менталитет на Петре Шилегов и неспособноста и криминалот на целата политичка номенклатура која тој ја претставуваше, е прашање кое што вреди да биде одговорено подетално во некоја друга прилика.

Суштинско е да се знае дека делувањето на Данела Арсовска на Македонската политичка сцена следи по обидот за инсталирање на Митко Јанчев во врвот на ВМРО-ДПМНЕ и негово профилирање на македонската политичка сцена преку разно-разни лоби групи, огромна финансиска моќ и политичка патронажа на високи американски политички претставници. Само за потсетување дека на сличен начин повеќе години претходно беше профилиран Зоран Заев како градоначалник во Струмица и инсталиран во СДСМ.

Во услови кога државата тоне со својот надворешен и внатрешен долг и кога Буџетот на владата е енормно зголемен во последните 5 години, потребна е силна и квалитетна граѓанска контрола на трошењето на тие буџетски пари! Трошењето на парите на граѓаните за спроведување на политике против интересот на самите граѓани е дефект во нашето општество кој мора да биде корегиран. Како граѓани живееме во услови на секојдневно замајување со разно-разни демагошки прашања на јавноста, парите на сите граѓани никој во целост не може да ги евидентира каде завршуваат до крај по разно разни канали на испумпување. И ај што ги трошат парите собрани од даноци, сега се потрошени и парите од задолжувањата кои што со камати треба оваа држава (читај граѓаните) да ги враќаат во иднина.

За организираниот граѓански сектор финансиран од странски донации не сакам ни да карикирам во каква општествена улога делува во изминатите 3-4 години.

Токму затоа секој еден поединец кој што ја сака оваа Земја да се развива сега и во иднина е потребно на себеси да “ја облече” токму улогата шпицен градоначалник која што на Данела Арсовска и пречи толку многу. Секој граѓанин треба да биде и шпицен премиер, шпицен министер, шпицен директор на јавна институција/претпријатие, шпицен државен службеник и да се интересира проактивно-политички за тоа како владеат неговите политички избрани функционери и на кој начин се трошат парите кои овие политички челници на сите значајни и моќни функции во државата.

Само така граѓаните за себеси без некој да им кажува т.е. да ги лаже ќе можат да се уверат во оправданоста на трошењето на јавните буџетски пари од страна на владата и сите останати јавно избрани и именувани функционери.

Оттука решително сакам да апелирам до Христијан Мицкоски како лидер на најголемата парламентарна партија која е во опозиција на централно ниво и опозиција на ниво на најмоќната локална институција во државата- Град Скопје со сите можни институционални инструменти да врши мониторинг и надзор на реализацијата на ветената програма за која гласаа мнозинство скопјани…. и не само во град Скопје туку секаде онаму каде името на ВМРО-ДПМНЕ стоеше пред кандидатите кои ја добија довербата од граѓаните да бидат градоначалници или советници. Покрај мониторингот на веќе докажаната ненародна и штетна влада, одговорноста за спроведување на ветените проекти од страна на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво е од највисоко значење и токму тука треба партиската и доктринарна визија на ВМРО-ДПМНЕ да дојде до израз како пандан на лошите политики на СДСМ и ДУИ.

Изборите во 2021 година беа олицетворение на општата про-опозициско расположение во државата и огромен револт на граѓаните наспроти кандидатите на владеачката коалиција СДСМ+ДУИ. Оттука тезата дека скопјани гласале за личност а не за политички партии најдобро ќе биде да остане како лајт мотив за некои наредни избори, а граѓаните убаво да следат интензивно и посветено што и како работат нивните политички претставници во институциите.

Само преку високо информирана и сериозно резултатски ориентирана граѓанска свест може граѓаните на оваа држава да се обединат зад еден широк фронт на идеја за реформи на зачаурената клиентелистичка природа на протекционизам која ја влече државата Македонија кон неповрат од амбисот.

Пишува: Кирчо Анастасов

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Отчет за едногодишното работење на градоначалникот на Карбинци Виктор Паунов
Следна објава Молитва на пациентот
Може да Ве интересира:
Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест
Анализа

Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест

ноември 3rd, 2022 413
Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?
Колумна

Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?

октомври 26th, 2022 382
Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?
Колумна

Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?

октомври 15th, 2022 425
Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА
Колумна

Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА

октомври 10th, 2022 356
Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!
Колумна

Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!

октомври 5th, 2022 702
На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски
Анализа

На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски

септември 30th, 2022 464
Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех
Анализа

Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех

септември 20th, 2022 520
Што е силата на ВМРО?
Колумна

Што е силата на ВМРО?

септември 16th, 2022 534
Многумина се обидоа, никој не успеа. Кој се обидува да ја инсталира Данела Арсовска како фактор во ВМРО-ДПМНЕ наспроти волјата на членството?
Анализа

Многумина се обидоа, никој не успеа. Кој се обидува да ја инсталира Данела Арсовска како фактор во ВМРО-ДПМНЕ наспроти волјата на членството?

септември 16th, 2022 415
Жена на денот
Ова е Дева Касел- ќерка на Моника Белучи и Винсент Касел. Дали со убавина ги надминува своите родители?

Ова е Дева Касел- ќерка на Моника Белучи и Винсент Касел. Дали со убавина ги надминува своите родители?

1490
Маж на денот
20 Цитати на Стивен Кинг – кралот на хоророт

20 Цитати на Стивен Кинг – кралот на хоророт

1455
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Неделни топ 5 на Брегалнички
Брижит Бјанка Ван Дам-опасна како и татко и'
Жена на денот

Брижит Бјанка Ван Дам-опасна како и татко и'

Авг 11th, 2018 483
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
СДСМ не направи ништо за да ја стабилизира депонијата во с. Лески во изминатите 4 години и не знаат за начинот на третирање на истата
Регион

СДСМ не направи ништо за да ја стабилизира депонијата во с. Лески во изминатите 4 години и не знаат за начинот на третирање на истата

Апр 13th, 202226
Софија Лорен- Последната кралица на златното доба на Холивуд
Жена на денот

Софија Лорен- Последната кралица на златното доба на Холивуд

Мар 8th, 202026
Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?
Колумна

Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?

Окт 29th, 202224
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.