Утринава во 05.00 часот почина еден од најголемите балкански музички ѕвезди на сите времиња Оливер Драгоевиќ.
Почина по во сплитската болница каде беше однесен на третман по компликациите со тешката болест која му беше дијагностицирана: рак на белите дробови.
Имаше 71 година.
Пред нецела година мораше де ги откаже своите два концерти закажани за термини пред замиот Божиќ во својот роден град, а по препорака не неговиот лекар.
Се повлече од јавноста и замина на Корчула каде го помина последните месеци од својот живот.
Оливер Драгоевиќ е роден на 7 ми декември 1947 година во Вела Лука во Хрватска. Беше оженет со Весна Драгоевиќ и имаше три синови.
Неговите безвременски песни ќе останат да се пеат од страна на многу генерации како едни од најубавите романтични балади на сите времиња на балканските простори.