• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е претворена во дувло на криминалот и корупцијата

август 9th, 2018 Македонија коментари 955

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest

Македонија е претворена во дувло на криминалот и корупцијата, а тоа доби потврда и од ГРЕКО, групата на држави во борба против корупцијата при Советот на Европа. Република Македонија никогаш, баш никогаш, во скоро 20-годишната историја откако е член на ГРЕКО нема добиено негативен извештај.

Република Македонија никогаш не била оценета со незадоволителна оценка од страна на Советот на Европа во однос на борбата против корупцијата. Тоа докажува дека, ако во секоја држава има мафија, тука, со доаѓањето на власт на СДСМ, мафијата си доби своја држава.

Прв пат, откако криминалниот картел ја запоседна власта во Република Македонија добиваме вака катастрофален извештај кој покажува дека приоритет на кабинетот на Премиерот Зоран Заев е личното богатење преку брутален грабеж на народот и државата. Ова е уште еден доказ дека расипништвото е основно обележје на оваа влада, а државните ресурси служат само за задоволување на хедонистичките потреби на функционерите и нивните семејства.

Резултатите од борбата на СДСМ против корупцијата се „разочарувачки“. Токму телото на Советот на Европа кое се занимава со борбата против корупцијата, ГРЕКО вака ја оценува работата на владата на СДСМ.  Телото гледа на резултатите на владата како цитирам – „очигледно разочарувачки“ поради фактот што од 19-те препораки на телото, Македонија спровела само шест.

ГРЕКО оценува дека Македонија „нема опиплив напредок“ во борбата против корупцијата, а на тоа е сведок и целата македонска јавност која секој нов ден се информира за нов коруптивен скандал на функционерите на власта.

Критиките од ГРЕКО има и поради фактот што се уште не е формирана Антикорупциската комисија, а оценката која ја добива владата на СДСМ во борбата со корупцијата е незадоволителен.

ВМРО-ДПМНЕ во повеќе наврати го предупредуваше Зоран Заев како и целата македонска јавност дека со правосуден систем кој наместо да го гони криминалот, ги амнестира функционерите на СДСМ, Македонија е се по далеку од остварување на своите евроатлански аспирации.

Нашата партија посочи низа на мегаскандали во кои преку милионски тендери и грантови владата на СДСМ се обиде да ги злоупотреби државните пари, парите на граѓаните за исплата на „најзаслужните“ партиски послушници. Злоупотребата на службената положба и парите на граѓаните уште еднаш напоменуваме дека не е дел од европските вредности кон кои што Република Македонија се стреми.

ВМРО-ДПМНЕ го предупреди Заев дека уназадувањето во нашите евроатлански интеграции поради криминалот извршен од високи партиски и државни функционери на СДСМ никогаш нема да може да надомести со распродажба на државните и националните интереси на Република Македонија.

Ваквиот извештај на ГРЕКО потврдува дека со промена на името, јазикот и идентитетот, Македонија нема да го реши проблемот со корупцијата и да се доближи до Европската Унија. Но затоа ГРЕКО потврди дека единствен начин  да се стави крај на корупцијата во Македонија е криминалниот картел на власт да си замине.

Ова е преголем срам за државата и за граѓаните. Ова мора да престане. Македонија со вакво ниво на корупција нема да мрдне од мртва точка. Затоа министрите задолжени за евроинтеграции и за реформи мора да си заминат. Не поминуваат веќе лагите за нереализираните ветувања од најавените 3-6-9, 18 планови. Македонија мора да се справи со корупцијата и Македонија ќе победи!

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Шабанеријата продолжува
Следна објава #Бојкотирај: За љубовта да ни векува на Македонски
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 719
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 649
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 673
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1328
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 606
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 696
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 371
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 464
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 674
Жена на денот
Елизабет Камбаж- несовладлив ѕид во австралиската кошарка

Елизабет Камбаж- несовладлив ѕид во австралиската кошарка

1205
Маж на денот
Неверојатни факти за фасцинантниот Стинг

Неверојатни факти за фасцинантниот Стинг

1975
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 201925
Во мојот град веќе не врне...
Колумна

Во мојот град веќе не врне...

Јан 22nd, 202019
Лара и Пајак со дует песна на овогодинешниот Макфест 2022. Слушнете дел од „Bella“
Магазин

Лара и Пајак со дует песна на овогодинешниот Макфест 2022. Слушнете дел од „Bella“

Окт 18th, 202217
Сакаме вакви дресови
Матна Брегалница

Сакаме вакви дресови

Сеп 22nd, 201917
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.