Кога е најтешко, тогаш се познава јунаштвото!
Оној кој попуштил на притисоците, тој не бил јунакот.
За Македонија јунаци изгинале. Истите и ден денес се слават и опејуваат. Историјата пишува и ќе пишува. Борбата продолжува… Кој е подготвен со чест и истрајност на сите предизвици кои ни претстојат, тој ќе биде јунакот на современата историја. Од нас зависи, дали ќе попуштиме или ќе истраеме. Јунак или слабак??? Одлуката е моја, и твоја, и на сите кои останавме достоинствени на браникот на татковината. Одиме понатаму, со гордо исправени глави, со чисти срца.
За Македонија, заедно со нашиот лидер Христијан Мицкоски!
-напиша пратеничката Дафина Стојаноска која е своевиден херој во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ која прва меѓу жените во Парламентот го искажа својот став за Бојкот на референдумот на 30 Септември.


