Портпаролот на СДСМ, Димче Арсовски синоќа на својот фејсбук профил сподели фотографии од неговиот автомобил со скршено задно стакло.
Притоа го запраша Оливер Спасовски дали тоа го направиле неговите пајташи.
Целата реакција на опозицискиот портпарол во врска со немилиот настан во продолжение:
Ај што сте не знаете и сте неспособни да водите држава, па ни едно стакло на кола не знаете да искршите како што треба 🤦♂️
Сакав да пријавам во Министерство за внатрешни работи, ама кутрите тие не можат да фатат убијци цела година што ги знаат по име, а не пак овие што искршиле стакло.
Ама еве уште еднаш Oliver Spasovski јавно да го повикам да праша по пајташите негови да не е некој од нив, за да дојде каменот да си го земе, му останал внатре, бидејќи ниту со закани, ниту со ова нема да ме замолчите, па најверојатно пак ќе треба да ми ја кршите колата
-напиша на фејсбук Димче Арсовски.


