Писател, психолог и педагог Дејл Карнеги цврсто верувал дека не постојат злобни луѓе на светот, туку само непријатни околности кои се случуваат. Тој развивал свој концепт на бесконфликтен и успешен однос. Многу луѓе ги поддржувале неговите теории, но имало и противници. Ќе ви издвоиме неколку негови мудри цитати:

„Секој човек е будала барем 5 минути дневно. Вистинската мудрост се сведува на тоа да не се премине таа временска рамка.“
„Ако судбината ви подари лимон, направете лимонада.“
„Научете да се ставате во положбата на друг човек и да разберете што му е потребно нему, а не вам. Целиот свет ќе биде покрај оној кој ќе успее да го стори тоа.“
„Бидете зафатени. Тоа е најевтиниот лек на светот и еден од најефикасните.“
„Ако сакате да промените некого, почнете од себе. Тоа е покорисно и побезопасно.“
„Замислете ги најлошите можни последици што би можеле да произлезат од вашата постапка, однапред помирете се со нив, па дури потоа дејствувајте!“
„Насмевката не чини ништо, а вреди многу.“
„Многумина го викаат лекарот кога им треба публика.“
„Луѓето не се интересираат ниту за мене ниту за вас. Наутро, напладне и навечер, тие се занимаваат само со себе.“ „Кога човек ќе започне војна против самиот себе, тоа значи дека тој вреди.“
„Јасно е дека вашиот сопруг има недостатоци, но да бил светец, никогаш немало да се ожени со вас.“
„Запомнете дека името на човекот е најслаткиот и најважниот звук на планетата за него, на кој било јазик.“
„Тајната на нашата тага е тоа што имаме премногу слободно време да размислуваме дали сме среќни или не.“
„За мудриот човек секој ден почнува нов живот.“
„Не утре. Денот на човечкиот спас е денес.“
„Не плашете се од непријателите кои ве напаѓаат. Плашете се од пријателите кои ви ласкаат.“
„Стравот постои само во вашиот ум и на ниту едно друго место.“
„Силната желба да научите нешто е 50% од успехот.“
„Однесувајте се како да сте среќни и ќе станете посреќни.“
„Постои само еден начин да се заслужи љубовта на овој свет: Престанете да ја барате и почнете да ја давате, без да очекувате благодарност.“


