• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонска бесмртност

Методи Митевски Брицо-Револуционер и политичар(1924-1962) кој загинал под неразјаснети околности

ноември 13th, 2018 Магазин, Македонска бесмртност коментари 1524

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Методи Митевски Брицо-Револуционер и политичар(1924-1962) кој загинал под неразјаснети околности

Методи Митевски – Брицо е роден на 15 април 1924 година во Царево Село (денешно Делчево), од татко Зафир и мајка Зуица. Босоногото детство го поминал со својата сестра Фруска и братот Ѓорѓи во безгрижни игри со децата по  маалските сокаци  околу Црквата и Касарната и покрај Брегалница.

Основно четиригодишно училиште завршил во родното село, прогимназија и гимназија до седми клас во Штип, а осмиот клас и матурата во Горна Џумаја (денешен Благоевград). Вонредно студирал на Правниот факултет во Скопје и е еден од првите дипломирани правници од Пијанечко-малешевскиот крај.

Според зборовите на  Методи Гогов – дедо Михаил, (блажено упокоениот архиепископ на МПЦ ), кој му бил професор на Брицо во штипската гимназија, тој бил одличен ученик, трудољубив и дружељубив, членувал во спортската и во драмската секција, пеел во хорот и целата литургија ја знаел напамет. Во Штип, град со богата револуционерна и културно – духовна традиција, Брицо се дружел со Славчо Стојменски, Ванчо Прке, Фирус Назим, Трајко Донев, Ацо Шопов и други напредни младинци, класно и национално осознаени,  и заедно со нив се приклучува на напредното младинско движење и СКОЈ.

По окупацијата заминува во Горна Џумаја по налог на Вера Ацева и Окружниот комитет на КПЈ, со задача да воспостави врски со тамошното движење на отпорот против фашизмот и со партиските организации и партизанските одреди од Пиринска Македонија. Тука,  исполнувајќи ја партиската задача ја запознава  Мара Междуречка, а преку неа и, големиот скулптор Крум Дерменџиев (автор на спомениците на Гоце Делчев во Благоевград и на Јане Сандански во Мелник) и бил чест гостин во нивниот дом, недалеку од Гимназијата „Св.Кирил и Методиј„ во која учеле и двајца помлади браќа на уметникот (загинати во борбите со фашистите кај селото Звегор). Од нивната мајка Петра, Брицо љубопитно  ги слушал легендите за подвизите  на македонските ајдути и комити по Пирин, на  солунските атентатори и на славниот војвода Јане Сандански. Тогаш се заветил ако некогаш се ожени и има син дека ќе го крсти Јане, во спомен, слава и чест на легендарниот пирински цар. Заветот по неколку години го исполнил и на својот син – првата рожба со жена му Вера и го даваат името Јане. Тој (неколку години по смртта на Брицо) извесно време беше ученик во гимназијата во Делчево, именувана по татко му.

По завршувањето на Гимназијата, Методи Митевски е регрутиран во бугарската армија и рокот го служи во родот пешадија при авијацијата во Горна Ореховица. Продолжува со илегална антифашистичка дејност и паѓа во затвор, но поради недостиг на докази е ослободен. За време на краткото отсуство, дезертира и стапува во врска со партизаните. Преку Голак ќе се најде на Плачковица и подоцна во Бригадата во Митрашинци. Од главниот штаб на НОВ и ПОМ добива и со успех ја исполнува задачата да го придружува стариот гемиџија, виден деец на ВМРО, револуционерот Павел Шатев, кој држи митинзи во Крупник, Пехчево, Тработивиште, Град, Царево Село и низ други места ширум Македонија.  Павел Шатев подоцна ќе стане министер за правда и близок соработник на Методија Андонов – Ченто, а Брицо ќе продолжи да  одржува контакти со него и се обидува да му помогне кога паднал во немилост.

Во периодот по ослободувањето Брицо е на партиски и државни раководни функции во Делчево, Берово, Штип и Битола. Избраницата на своето срце – Вера со која се оженил ја запознал и засакал во Битола. Во бракот родиле три деца: синот Јане и ќерките Весна и Мила. Со својата трудољубивост, посветеност на обновата и изградбата на татковината, Брицо кај широките народни маси стекнува голема популарност, а меѓу републичките и сојузните раководители висок авторитет. Гради метеорска политичка кариера: биран е за пратеник во Народното собрание на Македонија и во Сојузната скупштина на ФНРЈ, бил министер за земјоделство, генерален секретар на владата, потпретседател на Извршниот комитет на ЦК и на Владата на НРМ. Бил близок соработник со Лазар Колишевски, а ги освојува и симпатиите на маршалот Јосип Броз – Тито.

Брицо бил избран за  претседател на Комисијата за изработка на преднацртот на Уставот на НРМ. Во тоа својство кон крајот на летото со другите членови на Уставната комисија интензивно работи на највисокиот државен акт на Македонија во Титовата вила во Охрид. За жал таа задача  ja оставил недовршена. На 17 септември 1962 година, трагично го загубил животот во водите на Охридското езеро, под неразјаснети околности.

Веднаш по неговата прерана смрт (имаше само 38 години) и официјалната верзија (се удави во несреќен случај во водите на Охридското езеро), се појавуваат шпекулации и сомненија, кои не се ниту потврдени, ниту демантирани до денешни дни.

Закопан е во Алејата на великаните на градските гробишта Бутел во Скопје, со највисоки државни почести, а меѓу првите од многубројните телеграми на сочувство до неговата сопруга се и  од највисоките републички и сојузни партиски и државни раководители на Македонија – Лазар Колишевски и на Југославија – Јосип Броз Тито. Во знак на признание за неговите заслуги многу улици, плоштади, стопански организаци, спортски клубови и училишта во Македонија го носат неговото име.

Средното општинско училиште во Делчево го носи името Методи Митевски – Брицо. Бројните генерации ученици, нивните родители и професорите се гордееле, се гордеат и ќе се гордеат со името, и со полно право и голем пиетет го негуваат и се потсетуваат на делото на својот патрон.

Превземено од Дестинација Делчево

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Професорот Љубомир Цуцуловски го честита денот на ослободувањето на Скопје: -Нека е среќен...
Следна објава "БОЈКОТИРАМ" обезбеди превоз за заинтересирани граѓани од Цела Македонија за големиот протест во недела
Може да Ве интересира:
Лара и Пајак со дует песна на овогодинешниот Макфест 2022. Слушнете дел од „Bella“
Забава

Лара и Пајак со дует песна на овогодинешниот Макфест 2022. Слушнете дел од „Bella“

октомври 18th, 2022 649
На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание
Македонска бесмртност

На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание

октомври 17th, 2022 519
Револт со нов видео спот за песната "Европа"
Забава

Револт со нов видео спот за песната "Европа"

септември 17th, 2022 549
Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава
Македонска бесмртност

Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава

септември 13th, 2022 880
Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик
Македонска бесмртност

Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик

септември 12th, 2022 902
На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски
Историски личности

На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски

септември 2nd, 2022 562
Само фановите на ЛОТР ќе ја сватат шегава...
Забава

Само фановите на ЛОТР ќе ја сватат шегава...

септември 1st, 2022 601
Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров
Историски личности

Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров

август 31st, 2022 554
Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?
Историски документи

Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?

август 30th, 2022 789
Жена на денот
Гал Гадот од национален модел на Израел до светски феномен

Гал Гадот од национален модел на Израел до светски феномен

1229
Маж на денот
Џуд Ло - Романтичар , скриен помеѓу принципиелноста

Џуд Ло - Романтичар , скриен помеѓу принципиелноста

2137
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Така е Антонио! И ние истото би го направиле!
Македонија

Така е Антонио! И ние истото би го направиле!

Апр 8th, 201921
Александар Пандов до Митко Јанчев - Еве ви го Мите, договорот го нема прочитано, ама се испазарил и како му кажале да збори, така збори
Македонија

Александар Пандов до Митко Јанчев - Еве ви го Мите, договорот го нема прочитано, ама се испазарил и како му кажале да збори, така збори

Сеп 26th, 201821
15  најстрашни музички дела на класична музика
Забава

15 најстрашни музички дела на класична музика

Дек 19th, 201919
Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам
Македонија

Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам

Сеп 8th, 202119
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.