• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Портпаролот на СДСМ една недела молчи како неговата мајка излезе најкомпетентен кадар за вработување

ноември 13th, 2018 Македонија коментари 773

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
ВМРО-ДПМНЕ: Портпаролот на СДСМ една недела молчи како неговата мајка излезе најкомпетентен кадар за вработување

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ го обвини својот колега од владеачката СДСМ дека вешто го крие од јавноста одговорот на прашањата поврзани со вработувањето на неговата мајка во државната администрација во Струмица..

Во продолжение интегрално го пренесуваме текстот на прес конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски:

Костадин Костадинов една недела молчи по кој критериум неговата мајка излезе како најкомпетентен кадар од Струмица и струмичко за да биде вработена во Централниот регистар во општината. Молк и од нејзините нови работодавачи. Нема одговор според кои критериуми таа била селектирана на конкурсот, дали немало ниту еден граѓанин во цела Струмица со средно образование кој што би одговорил на потребите на институцијата, па морала токму мајката на Костадинов да биде избрана за тоа работно место?

Владејачката хунта ја полни јавната администрација по теркот „живи луѓе ќе јадеме, ќе смениме се од хигиеничарка до министер“, а потоа вели ќе ја подобри администрацијата, главен носител на пристапувањето кон ЕУ и НАТО. Па, дали вработувањата по партиско роднински клуч, како мајката на Костадинов се тие реформи за европска интеграција? Дали партизацијата, наречена реформа на администрацијата се прават врз квалификации кој има поголеми семејно пријателски врски со врвот на хунтата, и дали тоа е борба против непотизмот?

Повторувам, дали вработувањето на мајката на партискиот портпарол на Зоран Заев е таа европска реформа? Дали за вработување во Централниот регистар во општина Струмица е потребно да се вработи кадар кој зад себе има низа од фирми однесени во стечај? Дали немало ниеден друг пријавен, заинтересиран со завршено средно образование и без искуство, за место со плата од 25.000 денари?

Нема одговор ниту од Константин Костадинов, ниту од СДСМ, ниту од Општината. Зошто и на кој начин во стечај завршиле ФАНИ – ЕКСТРА ДООЕЛ увоз – извоз Струмица, ДОО ФАНИ ЛОГИСТИК Струмица, ДЕЛИКАТЕС ФАНИ ДООЕЛ Струмица, ИНТЕР МЕТАЛ МЕТАН ДООЕЛ Струмица, сите поврзани со името на мајката на партискиот портпарол и пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на СДСМ, Константин Костадинов? Дел од овие фирми се избришани од Регистарот, а дел се во постапка на бришење, а ваквата низа отвора прашање дали се тие намерно воведувани во стечај, намерно доведување на фирми во состојба на неликвидност заради лична добивка?

Почитувани, вработувањето на Фанче Костадинова во Централниот регистар на Струмица е само продолжение на бранот на партизација на администрацијата со деца и роднини на хунтата на власт, како ќерката на Талат Џафери, синот на  Мирослав Грчев, сопругот на  Магдалена Несторовска, синот на Љубомир Фрчкоски, на локално ниво – двете внуки и зетот на прилепскиот градоначалник, братот на битолската градоначалничка, сопругите на градоначалниците на Берово и Неготино и низа партиски нови административци.

Почитувани,

Се додека траат ваквите афери и за нив хунтата мува не ја лази, за џабе се „ЌЕ“ најавите за јавноста, за администрација со поголеми плати, за реформи на администрација главен носител кон ЕУ и НАТО. Со ликови како мајки, стрини вујни со низа фирми во стечај, единствено може да се очекува дека хунтата ќе продолжи целата држава да заврши токму така – во стечај!

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Конечно познат датумот за почеток на последната сезона на "Игра на тронови"
Следна објава Најкреативните клупи за седење ширум светот
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 725
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 655
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 682
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1333
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 613
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 707
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 375
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 467
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 688
Жена на денот
Интересни факти за Лара Фабијан

Интересни факти за Лара Фабијан

889
Маж на денот
Џош Гробан - Најмилозвучната дарба преточена низ едно грло

Џош Гробан - Најмилозвучната дарба преточена низ едно грло

1698
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 201922
Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ
Македонија

Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ

Мар 7th, 201921
ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!
Македонија

ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!

Јун 21st, 201920
Општина Кочани работи на ревитализација на повеќе јавни простори во градот
Регион

Општина Кочани работи на ревитализација на повеќе јавни простори во градот

Авг 26th, 202220
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.