Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а претпладне по одделни котлини ќе има слаба магла. Утринските температури ќе се движат од -5 до 1 степен, додека дневните ќе достигнат до 12 степени.
Во текот на работната недела времето ќе биде претежно стабилно со појава на утринска магла по одделни котлини.
Локални врнежи од дожд ќе има во среда во утринските часови. Пообилни врнежи се очекуваат од сабота кон крајот на денот.


