„Охридско лето“ веќе не повикува. Утре (недела) од 18 часот во црквата Св. Софија во Охрид , концерт ќе одржи младата руска но и светска пијанистка Злата Чочиева.
Љубителите на звукот на пијаното но и на делата на Шопен и Рахманинов, ќе уживаат на овој концерт.

На програмата ќе бидат реализирани дела и од Сергеј Рахманинов, Александар Скрјабин,Фредерик Шопен и Франц Лист.
Билетите по цена од 150 денари можат да се набават во Дирекцијата на Охридско лето и пред почетокот на концертот, на самиот влез од црквата „Света Софија“.


