По пример од Италијанските училишта , за мотивација и поттик за читање и полесен пристап до потребните книги на учениците Скопје го доби новиот Библиобус.
Библиобусот ќе работи пет дена во неделата и ќе посетува 19 училишта по претходно изработен план, а ќе патува низ населбите Марино, Мралино, Бунарџик, Текија, Мршевци, Кучевиште, Сопиште, Сушица, Оризари, Припор, Долно Коњари, Добри Дол, Побожје, ДолноСоње, Орман, Чифлик, Лисиче, Трубарево и во Волково.
Книгите ќе може да се позајмат бесплатно, а подвижната библиотека ќе работи од септември до јуни.



