На социјалните мрежижители на Кочани реагираат на глутниците кучиња кои може да се забележат низ централното градско подрачје во Кочани.



Како што може да се забележи на некои од споделените фотографии, дел од кучињата се разбеснети и може да предизвикаат несакани последици по безбедноста и здравјето на кочанчани.
Проблемот со бездомните кучиња е присутен во целиот Брегалнички регион подолг временски период наназад и за негово решение потребна е не само желба на челниците во локалната самоуправа кои се надлежни за проблемот туку и систематско и долгорочно третирање на истиот со нескромен финансиски буџет за таа намена.


