Каратистите од клубот во Блатец чекор по чекор, полека , но сигурно, се меѓу најдобрите. Редовното учество на меѓународните турнири им дава можност да го поттикнуваат својот натпреварувачки дух, но и да ги потврдуваат своите квалитети.
Главен виновник за нивните успеси е нивниот ментор Дончо Ангелов. На последниот турнир кој на 24 март се оддржа во Власотинце, меѓу 400 кандидати од Мкаедонија, Бугарија, Србија, тие се вратија со уште едно ново натпреварувачко искуство, но и со побогато спортско досие.

Во поединечна категорија во кати (петто ниво) второ место освои Ања Георгиева и трето место -Нина Пискунова и Марија Ристова.
Во екипна конкуренција, клубот Блатец го освои третото место во состав Ања Георгиева, Нина Пискунова и Марија Данилова


