• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Лабина Митевска до Заев: Вие сте предводник на еден режим во раѓање

октомври 4th, 2017 Македонија коментари 756

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest

Ова е мое трето писмо до Вас во изминативе неколку недели и прво кое мора да биде јавно. Во првото Ве известив дека според третманот на филмот Кога денот немаше име, со обид да биде исклучен од репертоарот на овогодишниот фестивал Браќа Манаки, иако веќе беше поканет уште од февруари во Берлин од директорот и селекторот на фестивалот, и според други сигнали по неформални канали дека постојат силни индиции за спроведување цензура и политички притисок. Како реакција на тоа писмо истиот ден добив повик од кабинетот на ресорниот министер и ме уверуваа дека такви сплеткарења и удари на слободата на изразување не се можни и дека случајот брзо ќе се расветли по соочување на сите инволвирани и одговорни за оваа манифестација.

Јас за потребите на интерната расправа во кабинетот на ресорниот министер обезбедив линк за да се погледне филмот кој беше оцрнет како дело кое шири говор на омраза и поттикнува на насилство и побарав да се спроведат сите соодветни процедури. Линкот никој не го отворил, филмот никој не го погледал во оваа пригода. Како разрешница, филмот доби повторена покана, овој пат по писмен пат, да учествува во натпреварувачката програма, ниту на отворање ниту на затворање на фестивалот, веројатно за да не ги контаминира најпосетените и најпривлечните фестивалски вечери.

Е сега да ви раскажам како изгледа еден режим во раѓање, Вам на првиот борец против груевизмот, политичарот кој ја донесе слободата и демократијата во Македонија со раскрварена глава. Во петокот наивно допатував во Битола каде буквално, пред влезот на хотелот ме пречека престрашеното лице на Агнес Годар, првата жена лауерат на специјална награда на овој фестивал, која е директор на фотографија токму на овој филм. Не ми ни дозволи ниту да се сместам со моето семејство па да ме почека да разговараме и не престана да ме бомбардира со прашања и да се чуди што се случува, што се случува со филмот. Набрзо потоа сватив со неверување зошто е толку испаничена. Замислете, шест години го водев фестивалот и го градев тимот и нема кој да ти се насмее, нема кој да те поздрави, спуштаат и вртат глави. Исплашени да не ги види некој дека се срдечни или да не покажат некаква блискост. Општествено политички неподобнa! А странските новинари во чудо. Е ова досега беа индиции и впечатоци, а сега малку за евидентни докази за раѓање на нов и многу пострашен режим од груевизмот за кој доколку Вие не реагирате под итно ќе ја сносите директно цела одговорност.

Господине Премиер, на 2.10.2017 во Плус инфо и во печатеното издание на васникот Слободен печат. на 4.10.2017 бр.1180 беше објавена колумна на Златко Теодосиевски Политикантски памфлети, која ја прекина мистеријата кој стои зад таа хајка и кој ја шири таа пизма и води кампања за етикетирање, оцрнување и обвинување. Дотичниот е посебен советник на Министерот за култура во Владата на РМ со која претседавате Вие господине Заев и доколку по ваквиот негов клеветнички неоснован напад Вие не реагирате и го оставите да ја шири својата токсичност води до заклучок дека сте покровител на овој политички прогон, невиден на овие простори од најцрните тоталитарни периоди. Да Ве потсетам што Ви напишав во првото писмо, ако сте го прочитале, а се сомневам, бидејќи посебниот советник, само еден ден по завршувањето на фестивалот го објави веројатно најсрамното писание во историјата на македонската култура. Во првото писмо до Вас јас Ви објаснив дека битките за признание и почит дома јас ќе си ги водам, но дека од Вас барам заштита од политички притисоци. Епа ако вака го замислувате заштитувањето сме го обрале бостанот.

Посебниот советник наспроти тие укажувања во писмото до Вас, во колумната запенавен обвинува за нацизам, мене и Теона не нарекува Рифеншталки, заборавајќи дека косценарист е Елма Татарагиќ, селекторот на Сараевскиот фестивал и почитуван член на низа меѓународни филмски тела, која исто така значи пишувала сценарио по нарачка, па не обвинува за повикување на омраза кон Албанците, дека Груевски или Канчевска го нарачале филмот, дека манипулираме, дебело наплаќаме за тие услуги, дека филмот е целосно финансиран од државни пари (ноторна лага! Еве накусо структура на финансии: во процент од 46% или во средства 487.000 од 1,050,000 евра се доделени на конкурс на Агенцијата за филм на РМ, потоа Белгија со 24%, Словенија со 10% и 16% Еуримаж, пари пристигнати од најпрестижниот Европски филмски фонд и 4% сопствено учество). Произлегува дека сите тие комисии, одбори, продуценти работат за пропагандата на претходната влада и финансираат културен продукт кој е осмислен за да предизвика насилство и омраза!? Во “курирски” стил, на страниците на Слободен печат., со сосема измислени и неосновани тврдења, за кои доколку има докази го повикувам да ги достави до соодветно јавно обвинителство или служби на МВР за да ги истражат, а и до целокупната македонска јавност, кога, од кого, каде било нарачано ова дело.

Какви с’е не конспираци и сплеткарења си измислува, што во детали ќе го читаат и расчитуваат адвокати и судии, ама прочитајте и Вие. Вие господине Заев ја презедовте на себе политичката одговорност за укинување на сите облици на авторитарност, етатизам, и партизација, за воведување на правна држава, процедури и критериуми како гаранти на слободата и демократијата. Повелете, Вие сте на потег.

Јас се чувствувам прилично извалкана и згадена од нашиве мизерии. Знам, сега сте во кампања и имате држава да водите, ама па јас не Ви ги бирав соработниците и кога тие не берат гајле за тоа кога и како, јас ќе простите уште помалку ќе калкулирам, а имам чест и улгед да си бранам, ќеркичка воспитувам да биде слободоумна, храбра, па морам пример да и дадам. Минатиот пат не ми одговоривте директно, сметав сме се разбрале, па и дека нема потреба. И овој пат не мора да ми пишувате, но од Вас ќе очекувам конкретни мерки за заштита на слободата на изразување, за слободата на уметничкото творење, за слобода да се мисли со своја глава и да се говори на секоја тема, па кога и на Златковци нема да им се допадне, па да немаат право да претат од позиција на моќ со истраги и со закани за недавање повеќе државни пари на од него обележаните автори. Тој во текстот прети дека филмот никој сем фестивалската публика во Битола нема да го види, па прети и со цензура значи. Посебниот советник на министерот за култура заслепен од омраза конструира сценарија, без никакви докази, фабрикува лаги за начин и износ на доделени средства, влегува во отворена кампања за дефамација и дискредитација на личниот и професионален углед на едни од најуспешните филмски автори од Македонија и прети дека ќе стави точка на тоа. Тој, повиканиот да помогне при креирањето на културни политики прети како диктатор. Еве застанувам прва на листата. Вие бирате господине Заев дали ќе сум прва и последна на Теодосиевската листа или прва на Заевата, бидејќи така ќе Ве памети историјата ако дозволите ова зло да продолжи да се шири и овој посебен советник на Министерот не биде набркан од просториите на Владата на РМ заради груба злоупотреба на службена позиција!

И почитуван Претседателе на Влада на РМ, нашата премиера е на 12 октомври во кино Милениум, повелете да го видите филмот, ние гордо стоиме зад ова дело!

Почитуван Претседател
на Владата на Република Македонија
г-дин Зоран Заев,

Ова е мое трето писмо до Вас во изминативе неколку недели и прво кое мора да биде јавно. Во првото Ве известив дека според третманот на филмот Кога денот немаше име, со обид да биде исклучен од репертоарот на овогодишниот фестивал Браќа Манаки, иако веќе беше поканет уште од февруари во Берлин од директорот и селекторот на фестивалот, и според други сигнали по неформални канали дека постојат силни индиции за спроведување цензура и политички притисок. Како реакција на тоа писмо истиот ден добив повик од кабинетот на ресорниот министер и ме уверуваа дека такви сплеткарења и удари на слободата на изразување не се можни и дека случајот брзо ќе се расветли по соочување на сите инволвирани и одговорни за оваа манифестација.

Јас за потребите на интерната расправа во кабинетот на ресорниот министер обезбедив линк за да се погледне филмот кој беше оцрнет како дело кое шири говор на омраза и поттикнува на насилство и побарав да се спроведат сите соодветни процедури. Линкот никој не го отворил, филмот никој не го погледал во оваа пригода. Како разрешница, филмот доби повторена покана, овој пат по писмен пат, да учествува во натпреварувачката програма, ниту на отварање ниту на затварање на фестивалот, веројатно за да не ги контаминира најпосетените и најпривлечните фестивалски вечери.

Е сега да ви раскажам како изгледа еден режим во раѓање, Вам на првиот борец против груевизмот, политичарот кој ја донесе слободата и демократијата во Македонија со раскрварена глава. Во петокот наивно допатував во Битола каде буквално, пред влезот на хотелот ме пречека престрашеното лице на Агнес Годар, првата жена лауерат на специјална награда на овој фестивал, која е директор на фотографија токму на овој филм. Не ми ни дозволи ниту да се сместам со моето семејство па да ме почека да разговараме и не престана да ме бомбардира со прашања и да се чуди што се случува, што се случува со филмот. Набрзо потоа сватив со неверување зошто е толку испаничена. Замислете, шест години го водев фестивалот и го градев тимот и нема кој да ти се насмее, нема кој да те поздрави, спуштаат и вртат глави. Исплашени да не ги види некој дека се срдечни или да не покажат некаква блискост. Општествено политички неподобнa! А странските новинари во чудо. Е ова досега беа индиции и впечатоци, а сега малку за евидентни докази за раѓање на нов и многу пострашен режим од груевизмот за кој доколку Вие не реагирате под итно ќе ја сносите директно цела одговорност.

Господине Премиер, на 2.10.2017 во Плус инфо и во печатеното издание на васникот Слободен печат. на 4.10.2017 бр.1180 беше објавена колумна на Златко Теодосиевски Политикантски памфлети, која ја прекина мистеријата кој стои зад таа хајка и кој ја шири таа пизма и води кампања за етикетирање, оцрнување и обвинување. Дотичниот е посебен советник на Министерот за култура во Владата на РМ со која претседавате Вие господине Заев и доколку по ваквиот негов клеветнички неоснован напад Вие не реагирате и го оставите да ја шири својата токсичност води до заклучок дека сте покровител на овој политички прогон, невиден на овие простори од најцрните тоталитарни периоди. Да Ве потсетам што Ви напишав во првото писмо, ако сте го прочитале, а се сомневам, бидејќи посебниот советник, само еден ден по завршувањето на фестивалот го објави веројатно најсрамното писание во историјата на македонската култура. Во првото писмо до Вас јас Ви објаснив дека битките за признание и почит дома јас ќе си ги водам, но дека од Вас барам заштита од политички притисоци. Епа ако вака го замислувате заштитувањето сме го обрале бостанот.

Посебниот советник наспроти тие укажувања во писмото до Вас, во колумната запенавен обвинува за нацизам, мене и Теона не нарекува Рифеншталки, заборавајќи дека косценарист е Елма Татарагиќ, селекторот на Сараевскиот фестивал и почитуван член на низа меѓународни филмски тела, која исто така значи пишувала сценарио по нарачка, па не обвинува за повикување на омраза кон Албанците, дека Груевски или Канчевска го нарачале филмот, дека манипулираме, дебело наплаќаме за тие услуги, дека филмот е целосно финансиран од државни пари (ноторна лага! Еве накусо структура на финансии: во процент од 46% или во средства 487.000 од 1,050,000 евра се доделени на конкурс на Агенцијата за филм на РМ, потоа Белгија со 24%, Словенија со 10% и 16% Еуримаж, пари пристигнати од најпрестижниот Европски филмски фонд и 4% сопствено учество). Произлегува дека сите тие комисии, одбори, продуценти работат за пропагандата на претходната влада и финансираат културен продукт кој е осмислен за да предизвика насилство и омраза!? Во “курирски” стил, на страниците на Слободен печат., со сосема измислени и неосновани тврдења, за кои доколку има докази го повикувам да ги достави до соодветно јавно обвинителство или служби на МВР за да ги истражат, а и до целокупната македонска јавност, кога, од кого, каде било нарачано ова дело.

Какви с’е не конспираци и сплеткарења си измислува, што во детали ќе го читаат и расчитуваат адвокати и судии, ама прочитајте и Вие. Вие господине Заев ја презедовте на себе политичката одговорност за укинување на сите облици на авторитарност, етатизам, и партизација, за воведување на правна држава, процедури и критериуми како гаранти на слободата и демократијата. Повелете, Вие сте на потег.

Јас се чувствувам прилично извалкана и згадена од нашиве мизерии. Знам, сега сте во кампања и имате држава да водите, ама па јас не Ви ги бирав соработниците и кога тие не берат гајле за тоа кога и како, јас ќе простите уште помалку ќе калкулирам, а имам чест и улгед да си бранам, ќеркичка воспитувам да биде слободоумна, храбра, па морам пример да и дадам. Минатиот пат не ми одговоривте директно, сметав сме се разбрале, па и дека нема потреба. И овој пат не мора да ми пишувате, но од Вас ќе очекувам конкретни мерки за заштита на слободата на изразување, за слободата на уметничкото творење, за слобода да се мисли со своја глава и да се говори на секоја тема, па кога и на Златковци нема да им се допадне, па да немаат право да претат од позиција на моќ со истраги и со закани за недавање повеќе државни пари на од него обележаните автори. Тој во текстот прети дека филмот никој сем фестивалската публика во Битола нема да го види, па прети и со цензура значи. Посебниот советник на Министерот за култура заслепен од омраза конструира сценарија, без никакви докази, фабрикува лаги за начин и износ на доделени средства, влегува во отворена кампања за дефамација и дискредитација на личниот и професионален углед на едни од најуспешните филмски автори од Македонија и прети дека ќе стави точка на тоа. Тој, повиканиот да помогне при креирањето на културни политики прети како диктатор. Еве застанувам прва на листата. Вие бирате господине Заев дали ќе сум прва и последна на Теодосиевската листа или прва на Заевата, бидејќи така ќе Ве памети историјата ако дозволите ова зло да продолжи да се шири и овој посебен советник на Министерот не биде набркан од просториите на Владата на РМ заради груба злоупотреба на службена позиција!

И почитуван Претседателе на Влада на РМ, нашата премиера е на 12 октомври во кино Милениум, повелете да го видите филмот, ние гордо стоиме зад ова дело!

Извор: Курир

  • Ознаки
  • Лабина Митевска

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Лесновски манастир- Пробиштип
Следна објава Се уредува игралиштето во Кежовица
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 532
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 510
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 516
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1162
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 495
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 562
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 301
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 382
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 527
Жена на денот
Гал Гадот од национален модел на Израел до светски феномен

1228
Маж на денот
Џим Морисон и работите кои сигурно не сте ги знаеле за него

1203
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Александар Пандов до Митко Јанчев - Еве ви го Мите, договорот го нема прочитано, ама се испазарил и како му кажале да збори, така збори

Сеп 26th, 201822
Така е Антонио! И ние истото би го направиле!
Македонија

Така е Антонио! И ние истото би го направиле!

Апр 8th, 201921
Ова се нереализираните проекти со кои Градоначалникот на Карбинци ги измами граѓаните да му ја доверат довербата пре речиси 4 години

Мај 11th, 202119
Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам
Македонија

Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам

Сеп 8th, 202119
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.