• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Став

Ина Василевска: За сите лажни пророци кои врескаат Бојкотирам

април 27th, 2019 Македонија, Став коментари 1731

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Ина Василевска: За сите лажни пророци кои врескаат Бојкотирам

За сеачите на магла и останатите (не)удбашки и мошне (не)чесни лажни пророци кои врескаат Бојкотирам!

Ова писание ви е наменето вам, кои во најтешкото време за Македонија, облековте патриотска одора и гордо застанавте против промената на уставното име на Република Македонија. Токму вие, во моментов играте еднократна ролја со која го бетонирате патосот на кој хунтата ја плесна нашата унитарност, македонскиот идентитет и јазик и правото на самоопределување. Ви се обраќам вам бидејќи зад истата цел се темели и вашата и нашата борба. Но, очигледно е дека вие сте станале поголеми диктатори и од Заев и судите и осудувате како дедовците и татковците на дел од вашите големи патриоти во 1945-1953. Зошто го мислам ова? Тоа е така поради тоа што наместо да се преслушате и да прифатите дека битката за Македонија е можна само доколку сме сите обединети и дека во бој има само еден војсководец.

Наместо тоа вие сите сте војсководци и го водите народот во бездна очигледно поради други интереси. Тоа е неприфатливо и нема добра намера во вашите активности. Во што се разликувате вие од пропагандата на оваа ненародна власт? Со вадење лажни документи од сомнителниот сајт Доказ каде за педесет евра и самиот Господ Бог може да биде прогласен за црн арамија??? Толку ви досега умот, толку ли сте се зацрниле што прифаќате валкани конструкции и со истите ги одвраќате луѓето се со цел да нанесете што поголема штета??? Тоа ли е опцијата, да воведете анархија и да сработите повторно на грбот на чесните граѓани… се чудам и не можам да ви се изначудам на умот… Тврдите дека јас сум соработувала со Ордановски за да му помогнам на мојот сопруг??? Еве можност директно да му се обратите нему и да го прашате дали воопшто некогаш сме престојувале во иста просторија, а не па да сме комуницирале. Вистината е една и единствена, таа нема ниту додавки, ниту придавки. Во поглед на мојата семејна заедница. Изминативе две години минавме низ сите девет круга на Пеколот.

Доживеавме толку многу разочарувања и стресови кои трајно оставија белег и на нашите и на животите на нашите најблиски. Ни зедоа се освен љубовта и цврстата увереност дека немаме никогаш и никому направено зло и со истата стоиме двајцата на две нозе и чекориме со крената глава. Знаете ли зошто е тоа така? Секој еден во животот носи одлука по кој пат ќе тера. Ние сме одлучиле да останеме доследни на себе си и да не заборавиме кои сме и зошто сме тука. Не може секој да биде Борис, ниту пак Ина. Спинувате дека во аферата Шпион, само за него немало обвинение. Па зарем човекот кој ги држеше за уши сите политички елити во земјата и успеа преку политички анимираната сатира, со префинет хумор да го одржува духот на нацијата повеќе од деценија, мислите ли дека не пробаа и претходната и сегашната власт да му направат хаос во животот.

Зарем мислите ли дека не ни е јасно зошто вашите пулени само него го прескокнаа кога Боби од Светски Македонски Конгрес дојде да донесе помош за притворените (Боби секогаш ќе биде еден од најдрагите личности кои сме ги запознале и високо го цениме). Зарем мислите дека јас, каква што ме дал Господ ќе се повлечам на сиот притисок и манипулации кои ги употребивте под надзор на менторите кои лошо ве советуваа за да го уништите Борис Дамовски.

Ех мои браќа и сестри Македонци, ништо фајде нема од вашата злоба и вашите конструкции. Ништо добро не и правите ни на нашата убава татковина. Вие сте обични, али експрес Робеспјеровци и Дантоновци и абер немате ни од вистината ни од честа. Со туѓа енергија се китите и на туѓ грб градите Вавилонска кула. Господ нека ви прости, оти за нас сте прочитани!

Фејсбук статус на Професорката Иванка Ина Василевска Македонска

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Урнебесно видео од Кочани: Се исп_деа. Народ ги нејќе...
Следна објава Љубомир Цуцуловски: ЉУБОВТА САКА ЉУБОВ
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 545
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 524
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 520
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1178
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 502
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 576
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 313
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 395
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 541
Жена на денот
Интересни факти за Лара Фабијан

Интересни факти за Лара Фабијан

821
Маж на денот
Џош Гробан - Најмилозвучната дарба преточена низ едно грло

Џош Гробан - Најмилозвучната дарба преточена низ едно грло

1635
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Неделни топ 5 на Брегалнички
Диета или внимание
Магазин

Диета или внимание

Окт 6th, 2017 773
Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година
Регион

Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година

Авг 17th, 202236
Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација
Македонија

Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација

Мај 29th, 202128
15  најстрашни музички дела на класична музика
Забава

15 најстрашни музички дела на класична музика

Дек 19th, 201927
Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st, 202226
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.