Сеидбата на ориз во Кочанско од на над 500 декари во атарот на с.Грдовци сеуште не е започната.
Оризопроизводителите од с.Грдовци го повикуваат на одговорност директорот на Водостопанство заради неисчистените канали , лошата организација и незаинтересираност.
Oптимално време за сеидба е 10-12 мај, и ситуацијата во кочанско е алармантна и загрижувачка! Оризопроизводителите бараат „метлата” на Заев да „заигра” за директорот на „Водостопанство”.
“ 10 мај капка вода нема, од тука до Привачево нема вода, овој канал што треба да ја донесе главната вода, не е исчистен од Водостопанство,” – велат загрозените оризопроизводители.


