Најмалку три лица ги изгубија своите животи во силното торнадо кое го погоди главниот град на американската сојузна држава Мисури, Џеферсон Сити.
Метеоролошката служба потврди дека градот е погоден од силно невреме и е направена голема материјална штета. Агенцијата Асошиејтед Прес, јавува дека многу луѓе се заробени под урнатините на своите домови.


