Во саботата пред нас на 08-ми Јуни 2019 година на Градскиот стадион “Гоце Делчев” во Делчево ќе се одигра ревијален натпревар меѓу Фудбалскиот клуб “Брегалница” од Делчево и TUS Glan-Munchweiler од Германија.
Натпреварот се реализира на иницијатива на Орце Алексов кој веќе подолги години живее и работи во Германија а е по потекло од Делчево.
Натпреварот ќе започне во 16.30 часот.
Од страна на менаџментот на делчевска ФК “Брегалница” ги покануваат сите љубители на фудбалот во Длечево да присуствуваат на овој своевиден спортски спектакл.


