Поетот Кочо Рацин се смета за еден од родоначалниците на современата Македонска поезија, и според многумина за најдобриот Македонски поет кој што ова парче земја го создало.
Неговата поетска збирка “Бели Мугри” претставува историски камен темелник на современата Македонска поезија и воопшто литература
Покрај неговата улога на родоначалник на Македонската современа поезија, тој се истакнува и со своите литературни трудови во вид на теоретски дела и прозни творби. Неговите написи за богомилите, за Хегел и за феминизмот претставуваат ремек дела за тогашната македонска комунистичка и напредна сцена.
Во негова чест неговиот роден град Велес во четврток, петок и сабота (06-08 Јуни) ги приредува 56-те Рацинови средби со богата културна содржина.
Програмата од предвидените настани е следна:
Четврток 6.јуни 2019
18:00 Велосипедска трка „Возиме за Рацин”
Локација: Паркинг „Жито Ване”, населба Тунел
18:30 Положување цвеќе
Засадување млади садници во шумата на Рацин – добитниците на Рациновото признание и Почесното Рациново признание
Локација: Спомен-костурница
19:00 Почит пред споменикот на Рацин
Локација: Плоштад во центарот на Велес
19:15 Почит пред споменикот на Рацин – обраќање на проф.д-р Соња Стојменска-Елзесер, претседател на ДПМ
Локација: СОУ „Гимназија Кочо Рацин“
19:45 „Споменот на Рацин низ времето“ – историска изложба за Рациновите средби
Промоција на книгата „Бели мугри на словенски јазици“
Подготвил: Раде Силјан
Промотор: проф.д-р Кристина Николовска
Локација: Театар „Јордан Хаџи Константинов- Џинот”, Велес
20:30 Свечено отворање на 56. Рацинови средби:
– Настап на детскиот хор „Св. Кирил и Методиј” под диригентство на проф.Веселинка Маџарова
– Поздравно обраќање на Аце Коцевски, Градоначалник на Општина Велес
– Беседа за Рацин – проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска
– Меѓународен поетски митинг – Концерт на етно група „Монистра“
Локација: Голема сала на Театар „Јордан Хаџи Константинов- Џинот”, Велес
Петок 7.јуни 2019
11:00 – 15:00 Меѓународна научна конференција на тема „Светлината на зборот“ – јазични и книжевни аспекти во поезијата на Кочо Рацин и Матеја Матевски
Локација: Театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“- Велес
19:00 Посета на спомен-куќата на Рацин Промоција на збирка поезија од млади поети „Под едно небо“ во издание на Агенција за млади и спорт
Промотор: проф. д-р Христо Петрески
Локација: Спомен-куќа на Рацин
20:00 Свечено затворање на 56. Рацинови средби
– Портрет на добитниците
– Врачување на наградите: Рациново признание и Почесно Рациново признание
– Реч за Рацин – обраќање на добитниците на Рациновото признание и Почесното Рациново признание
– Концерт на Драган Даутовски трио
Локација: Голема сала на Театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, Велес
Сабота 8.јуни 2019
05:00 Марш „Цвеќе за Рацин” (поаѓање од Велес, со крајна дестинација Лопушник)
Локација: Споменик на Рацин во центарот на градот
Четврток 13.јуни 2019
11:00 Положување цвеќе и поетско читање стихови од „Бели мугри“
Локации: Спомен-обележје на Лопушник и место на загинувањето на Рацин