Општина Берово информира дека, асфалтирањето на државниот пат Берово- граничен премин Клепало, продолжува утре среда (10.7.2019).
Ќе се асфалтира, во периодот од 12:00 до 16:00 часот и наредните неколку денови до комплетното завршување со асфалтирањето. Сообраќајот во овој период ќе биде забранет на тој патен правец.


