Утрово на социјалните мрежи беа објавени информации со кои се укажува дена околу 50-тина административни службеници во Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство биле прераспределени на работа во други градови низ државата.
Врз основа на Решенија за распоредување и определување на плата на административен службеник вработени во подрачните единици на Министерството се распоредуваат од еден град во друг додека на нивно место во нивните досегашни подрачни единици се распоредуваат други службеници од други места.

Па така вработено лице од подрачната единица во Пехчево се распределува во Виница а во Пехчево се распределува административен службеник од Делчево.
Ваквата пракса наликува на малтретирање на вработените од страна на министерот кој ги има потпишано овие решенија.
Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Пехчево на оваа појава реагираа со зборовите:
Како викаат старите ДАВЕНИК ЗА СЛАМКА СЕ ФАЌА нема да е за долго. Едни во Пехчево други во Виница и уште 50 низ цела Македонија.ДОЈДЕ ЖИВОТОТ ЗБОРОТ Е ЗБОР


