Сакам да прашам јавно, Зарем никого повеќе не го интересира судбината на КАНАЛ 103?
Зарем сите останавме рамнодушни по згаснувањето (чинам повече од 6 месеци ги нема на радио фрекфенција) на единственото радио низ кое во етерот се слушаше македонска рок музика?
Никој јавно нема да каже што се случува? Зошто го снема, и дали воопшто некогаш повторно ќе го има?….

И ако го има сметам дека не треба да биде само интернет радио туку како национално… со пренос нацелата територија на државата… со средени односи како што доликува на едно радио… со уредувачка политика… и повторно силно и моќно како што беше некогаш !!!!
Како дозволивме, СИТЕ ние кои некогаш бевме дел од него, еднаш стекнатото право да имаме СВОЕ музичко радио…. туку така да го упропастиме?!?!?! И наместо да освојуваме нови медиумски простори, да го изгубиме и тој….ЕДИНСТВЕНИОТ.
Мене не ми е сеедно… и затоа барам одговори… од секого што може да ги даде….
КАНАЛ 103 беше и мора и понатаму да биде симбол на македонската независна рок сцена…. огледало на истата… ако него го нема/снема… и сцената никогаш нема да ја оправиме !!!!!
Фејсбук статус на Тошо Филиповски


