Крвјосани усни
како запечатена рана,
сведоци на скриени бакнежи, прошка од Бог
или метафора, нарација!?
Тој ни остави црно небо,
полно птици со железни
клубови и со навјаци во очите, со блесок!
Разголена жена како повик, како отров
и гнило дрво во срцето.
Економични желки
како управители, како државна каса испразнета.
Сончеви дождови, зраци
растурени маси, пророци
и мали човечиња,
и црни птици небесни!


