ИСТОРИСКИ ЗВРЧКИ LXXI -дел
Карактерот на нашиот човек може да се види ако се анализира народното (неговото) творештво. Еве пример ( а ги има безброј) народната песна ,,Што ми е мерак пољак да бидам,, Тој, непрокопсаникот сакал да биде пољак,што ке рече -функционер! Да не работи ништо. Ете затоа сите сё тепаат само и само да се доберат за некаква функција.
Божан, нивата да ја жнее, лозјето да го бере а тој со мерак да гледа, ама да не помогне!
Народниот творец не го кажал името на самопрогласениот функционер- пољак, што ке рече дека може да биде секој наш човек.Од песнава се гледа дека имаме ген на неработници и затоа сме таму каде што сме. Пољак некогаш било голема функција. Од Ѓурѓовден па се до Митровден ( 6 месеци) одиш од куќа до куќа, те гоштеваат со вино, ракија и дебело мезе и кобајаги ги чуваш нивите од штети и кражби. На крајот од годината селаните мораат да ти дадат дел од нивните производи. Тогаш немало поврат на ДДВ, па пољакот бил во предност на Нина Групен и не враќал 15 % од земеното.
Како и да е, речиси ништо не се променило кај нас со векови.Во реалниот сектор работници нема (се бара увоз на работна сила) а од друга страна стотици илјади чекаат влез во државните институции,што ке рече чекаат-функција. Ех Божано,Божано се помалку те има денес…
Пишува: Крум Николовски


